Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Дали Библијата може да ми помогне ако не сум задоволен од животот?

Дали Библијата може да ми помогне ако не сум задоволен од животот?

Што вели Библијата:

Да. Библијата е стара книга полна со мудрост во која се запишани одговорите на најважните прашања. Таа може да ти помогне да се чувствуваш подобро и да имаш смисла во животот. Еве некои прашања на кои Библијата дава одговор.

  1. Дали постои Творец? Во Библијата пишува дека Бог ,создал сѐ‘ (Откровение 4:11). Како наш Творец, Бог знае што ни е потребно да се чувствуваме убаво и да бидеме среќни во животот.

  2. Дали Бог се грижи за мене? Библијата вели дека „Бог... не е далеку од никого од нас“ (Дела 17:27). Тој гледа што ти се случува и сака да бидеш задоволен од животот (Исаија 48:17, 18; 1. Петрово 5:7).

  3. Како тоа што ќе го запознаам Бог ќе ми помогне да се чувствувам подобро? Бог нѐ создал со „духовни потреби“, односно со вродена желба да дознаеме која е смислата на животот, да го запознаеме нашиот Творец и да се зближиме со него (Матеј 5:3). Освен тоа, Бог сака и да ни помогне да станеме негови пријатели. Библијата вели: „Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам!“ (Јаков 4:8).

Милиони луѓе на своја кожа чувствуваат дека тоа што се блиски со Бог им помага да имаат подобар и поисполнет живот. Со тоа што ќе го запознаеш Бог, не значи дека сите проблеми ќе исчезнат од твојот живот. Но, мудроста запишана во Библијата може да ти помогне:

Многу цркви не ги темелат своите учења на Библијата. За разлика од нив, вистинските христијани ги темелат своите учења на Библијата и можат да ти помогнат да го запознаеш Бог.