Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Треба ли да им се молам на светците?

Треба ли да им се молам на светците?

Што вели Библијата:

Не. Библијата покажува дека треба да му се молиме само на Бог и тоа во името на Исус. Исус им рекол на своите ученици: „Молете се вака: ‚Татко наш, кој си на небесата, да се свети името твое‘“ (Матеј 6:9). Тој никогаш не им кажал на своите следбеници да им се молат на светци, ангели или на некој друг освен на Бог.

Исто така, Исус им го рекол следново на своите ученици: „Јас сум патот и вистината и животот. Никој не доаѓа кај Таткото, освен преку мене“ (Јован 14:6). Само преку Исус можеме да му пристапиме на Бог (Евреите 7:25).

Што ако им се молам и на Бог и на светците?

Во една прилика кога Сатана го ставил на искушение, Исус рекол: „Јехова, својот Бог, обожавај го и само нему служи му“ (Матеј 4:10). Бог очекува да му бидеме верни. Тоа значи дека треба молитвите да му ги упатуваме само нему (Исаија 48:11).

Ако им се молиме на светци или на ангели, го навредуваме Бог. Кога апостол Јован сакал да му се поклони на еден ангел, ангелот го спречил и му рекол: „Не прави го тоа! И јас сум само роб како и ти и твоите браќа, на кои им е доверено да сведочат за Исус. Поклони му се на Бог!“ (Откровение 19:10).