Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Зошто луѓето не можат да воспостават мир во светот?

Зошто луѓето не можат да воспостават мир во светот?

Што вели Библијата:

Луѓето не успеале да воспостават мир во светот и никогаш нема да успеат во тоа од следниве причини:

  • Човекот кој оди не може да управува со своите чекори“ (Еремија 10:23). Луѓето не биле создадени ниту со способност ниту со право да владеат едни над други. Затоа не можат да воспостават траен мир.

  • Немајте доверба во достоинствениците, ниту во некој друг земен човек, од кого нема спасение! Духот му излегува, и тој се враќа во својот прав — во тој ден пропаѓаат неговите мисли“ (Псалм 146:3, 4). Политичарите, дури и оние што имаат најдобри намери, не можат да изнајдат трајни решенија за проблемите што водат до војни.

  • Во последните денови ќе настанат особено тешки времиња. Зашто, луѓето ќе бидат... сурови, без љубов кон добротата, предавници, своеглави, горди“ (2. Тимотеј 3:1-4). Живееме во „последните денови“ на сегашниов злобен свет, време кога ставовите на луѓето се пречка за воспоставување на мир.

  • Тешко вам, земјо и море, зашто Ѓаволот слегол кај вас со голем гнев, знаејќи дека има кратко време“ (Откровение 12:12). Божјиот непријател, Ѓаволот, е исфрлен на Земјата и ги наведува луѓето да бидат злобни како него. Сѐ додека тој е „владетелот на овој свет“, нема да има мир (Јован 12:31).

  • [Божјето Царство] ќе ги сотре и ќе ги уништи сите други царства [кои му се противат на Бог], а самото ќе стои довека“ (Даниел 2:44). Нашата желба за свет во кој ќе царува мирот нема да ја исполни некоја човечка влада, туку Божјето Царство (Псалм 145:16).