Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Може ли Библијата да ми помогне да имам среќен семеен живот?

Може ли Библијата да ми помогне да имам среќен семеен живот?

Што вели Библијата:

Да. Прочитај ги следниве мудри совети кои се темелат на Библијата и кои им помогнале на милиони луѓе да имаат среќен семеен живот.

  1. Озакони ја својата врска. За семејството да биде вистински среќно, мажот и жената треба да го озаконат своето заедничко живеење и да се заветуваат на доживотна љубов и верност (Матеј 19:4-6).

  2. Покажи љубов и почит. Ова значи да се однесуваш со брачниот другар како што би сакал тој да се однесува со тебе (Матеј 7:12; Ефешаните 5:25, 33).

  3. Избегнувај груби и навредливи зборови. Зборувај љубезно дури и кога твојот сопружник ќе каже или ќе направи нешто што ќе те повреди (Ефешаните 4:31, 32). Во Библијата во Изреки 15:1 пишува: „Благиот одговор го смирува гневот, а остриот збор предизвикува лутина“.

  4. Биди му верен на брачниот другар. Немој емоционално да се врзуваш со некој што не ти е сопружник. Не покажувај сексуален интерес за никој друг освен за твојот брачен другар (Матеј 5:28). Во Библијата стои: „Бракот нека биде чесен меѓу сите и брачната постела нека биде чиста“ (Евреите 13:4).

  5. Воспитувај ги своите деца со љубов. Немој да бидеш ниту премногу попустлив ниту премногу строг (Изреки 29:15; Колошаните 3:21).