Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Што вели Библијата за Велигден?

Што вели Библијата за Велигден?

Што вели Библијата:

Никаде во Библијата не се спомнува празникот Велигден. Но, ако се осврнеме на потеклото на овој празник, ќе дознаеме дека тој, всушност, влече корени од древните обреди на плодноста. Да разгледаме некои обележја на празникот Велигден.

  1. Името: Во една енциклопедија пишува: „Точното потекло на англиското име за Велигден [Easter] не е познато“ (Encyclopædia Britannica). Според истата енциклопедија, некои сметаат дека „во осмиот век, англосаксонскиот свештеник Преподобен Беда го извел овој назив од името на една англосаксонска божица на пролетта која се викала Естра“. Други дела го поврзуваат овој назив со Астарта, феникиска божица на плодноста која во Вавилон била наречена Иштар.

  2. Зајаци: Тие се симбол на плодноста, „преземен од древните пагански прослави во чест на пролетта од подрачјата на Европа и Блискиот Исток. Во тие прослави се вршеле обреди и се користеле различни симболи“ (Encyclopædia Britannica).

  3. Јајца: Во книгата Македонски народни празници и обичаи пишува: „Во велигденските обичаи и верувања значајно место имаат црвените велигденски јајца... Кај сите народи јајцето претставува извор на животот. Кај грчките и римските филозофи среќаваме преданија дека светот е настанат од јајце, а Јувенал, Плиније и Овидије сведочат дека Римјаните употребувале вапсани јајца за разни обреди“. Исто така, се верува дека вапсувањето велигденски јајца „може на магичен начин да донесе среќа, напредок, здравје и заштита“ (Traditional Festivals).

  4. Нова облека за Велигден: Во некои места има обичај за Велигден да се купуваат нова облека и обувки. Во една книга пишува: „Се сметало дека е навредливо и дека носи лоша среќа ако скандинавската божица на пролетта Естра, се пречека во стара облека“ (The Giant Book of Superstitions).

  5. Велигденски песни: Во книгата Македонски народни празници и обичаи пишува: „Припаѓајќи му на циклусот пролетни обредни песни велигденските народни песни пеат за разбудената природа, за повторното раѓање на животот, но и за многу љубовни мечти, за повеќе семејни односи. Сепак овие песни... пеат и за повеќе епски јунаци, разни митолошки суштества и сл. Тоа зборува за постари пагански слоеви во овие песни кои што подоцна со нивното врзување за големиот празник примиле повеќе христијански елементи“.

Во една книга, во врска со потеклото на Велигден, пишува: „Нема трошка сомнеж дека Црквата во минатото ги прифатила древните пагански обичаи и ги споила со христијанството“ (The American Book of Days).

Во Библијата јасно пишува дека Бог не сака да следиме традиции и обичаи кои тој не ги одобрува (Марко 7:6-8). Во 2. Коринќаните 6:17 пишува: „,Одвојте се,‘ вели Јехова, ‚и повеќе не допирајте ништо што е нечисто‘“. Празникот Велигден има паганско потекло и затоа оние што сакаат да му угодат на Бог треба да избегнуваат вакви прослави.