Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Што вели Библијата за тетовирањето?

Што вели Библијата за тетовирањето?

Што вели Библијата:

Во Библијата тетовирањето се спомнува само еднаш. Во неа пишува: „Немојте да се тетовирате по кожата“ (3. Мојсеева 19:28, фуснота). Бог им ја дал оваа заповед на Израелците за да се разликуваат од другите народи кои на телата си тетовирале имиња или знаци на своите богови (5. Мојсеева 14:2). И покрај тоа што како христијани повеќе не сме под Мојсеевиот закон, треба сериозно да размислиме за начелото кое произлегува од оваа заповед.

Дали еден христијанин смее да се тетовира?

Размисли за следниве библиски стихови:

  • „Жените... да бидат скромни“ (1. Тимотеј 2:9). Ова начело важи и за мажите. Треба да ни бидат важни чувствата на другите и не треба да привлекуваме преголемо внимание на себе.

  • Некои луѓе се тетовираат за да се разликуваат од другите или за да покажат дека можат да прават што сакаат со своето тело. Но, Библијата ги поттикнува христијаните: ,Дајте ги своите тела како жртва жива, света, прифатлива за Бог, да му служите на Бог, користејќи го својот разум‘ (Римјаните 12:1). Размисли зошто сакаш да се тетовираш. Ако е поради тоа што сакаш да следиш некаква мода или да се поистоветиш со некоја група луѓе, не заборавај дека еден ден твојата желба можеби ќе помине, а тетоважата ќе ти остане. Тоа што добро ќе размислиш за твоите мотиви ќе ти помогне да донесеш мудра одлука (Изреки 4:7).

  • „Замислите на трудољубивиот сигурно донесуваат корист, а секој што избрзува, сигурно оди кон немаштија“ (Изреки 21:5). Луѓето обично избрзано одлучуваат да се тетовираат без да размислат за долгорочните последици. Поради оваа одлука може да имаат проблеми на работа и во односите со другите луѓе. Освен тоа, може да биде многу скапо и болно да се отстранат тетоважите. Многу истражувања покажуваат дека голем број од оние што некогаш се истетовирале се каат за тоа.

 

Нешто повеќе

ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА

Што очекува Бог од мене?

Дали Бог преку некој посебен знак, сон или видение ќе ти покаже што очекува од тебе? Прочитај што вели Библијата.