Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Може ли Бог да ми помогне ако сум хронично болен?

Може ли Бог да ми помогне ако сум хронично болен?

Што вели Библијата:

Да, може. Бог се грижи за своите слуги кои се болни. За еден верен Божји слуга во Библијата пишува: „Јехова ќе го поткрепи кога ќе лежи болен в постела“ (Псалм 41:3). Ако и ти си хронично болен, следниве три работи може многу да ти помогнат:

  1. Моли се за сила. Тоа ќе ти помогне да го добиеш „мирот Божји, кој ја надминува секоја мисла“ (Филипјаните 4:6, 7). Така нема да бидеш премногу загрижен и ќе имаш сила да издржиш.

  2. Задржи ја смислата за хумор. Во Библијата пишува: „Веселото срце дејствува добро како лек, а скршениот дух ги суши коските“ (Изреки 17:22). Смислата за хумор ќе ти помогне дури и во најтешките моменти и ќе влијае добро врз твоето здравје.

  3. Гледај позитивно на иднината. Цврстата надеж може да ти помогне да бидеш радосен и покрај тоа што имаш хронична болест (Римјаните 12:12). Во Библијата е проречено дека ќе дојде време кога „никој од жителите [на Земјата] нема да рече: ,Болен сум‘“ (Исаија 33:24). Тогаш Бог ќе ги отстрани сите хронични болести — нешто што современата медицина не може да го направи. На пример, во Библијата пишува дека остарените луѓе повторно ќе станат млади и здрави. Во Јов 33:25 стои: „Неговото тело нека стане посвежо отколку во младоста, нека се врати во деновите на својата младешка сила!

Забелешка: Иако се свесни дека Бог на разни начини им помага на луѓето, Јеховините сведоци бараат и медицинска помош кога станува збор за хронична болест (Марко 2:17). Меѓутоа, ние не се залагаме за некој посебен начин на лекување. Сметаме дека секој лично треба да одлучи како ќе се лекува.

 

Нешто повеќе

СТРАЖАРСКА КУЛА

Кога сопружникот има тешка болест

Прочитај како можеш да ги надминеш проблемите што настануваат во бракот кога сопружникот е тешко болен.