Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Постојат ли „седум смртни гревови“?

Постојат ли „седум смртни гревови“?

Што вели Библијата:

Библијата не спомнува група од „седум смртни гревови“. Сепак, таа јасно кажува дека, ако некој прави сериозни гревови, нема да биде спасен. На пример, како сериозни гревови Библијата ги наведува сексуалниот неморал, идолопоклонството, спиритизмот, изливите на гнев и пијанството за кои вели дека спаѓаат во „делата на телото“. А потоа додава: „Оние што прават такво нешто нема да го наследат Божјето царство“ (Галатите 5:19-21). *

Тогаш, зошто Библијата набројува „седум работи кои на ГОСПОД Му се одвратни“?

Според преводот Радосна Вест, во Изреки 6:16 стои: „Има шест, односно седум работи кои на ГОСПОД Му се одвратни“. Сепак, во стиховите од Изреки 6:17-19 не се наведени сите гревови. Наместо тоа, тие ги содржат основните категории со кои се опфатени сите видови на грев — во мислите, во зборовите и во постапките. *

Што означува изразот смртен, или „смртоносен грев“?

Во стихот од 1. Јованово 5:16, некои преводи го користат овој израз. На пример, во преводот Радосна Вест пишува: „Постои и смртоносен грев“. Изразот преведен како „смртоносен грев“ може да се преведе и како „грев кој води во смрт“. Која е разликата меѓу „грев кој води во смрт“ и „грев кој не води во смрт“? (1. Јованово 5:16).

Библијата јасно кажува дека секој грев на крајот резултира со смрт. Сепак, можеме да бидеме спасени од гревот и смртта благодарение на откупната жртва на Исус Христос (Римјаните 5:12; 6:23). Според тоа, „грев кој води во смрт“ е секој грев што не е покриен со откупната жртва на Христос. Оној што прави ваков грев е толку цврсто решен да оди по погрешен пат што никогаш нема да ги смени своите ставови или постапки. За секој што прави таков грев, Библијата вели дека „нема да му биде простено“ (Матеј 12:31; Лука 12:10).

^ пас. 3 Стиховите од Галатите 5:19-21, во кои се наведени 15 сериозни гревови, не претставуваат список на сите можни сериозни гревови, бидејќи завршуваат со зборовите „и други слични работи“. На тој начин, читателот е поттикнат самиот да размисли кои се тие „други слични работи“.

^ пас. 5 Стихот од Изреки 6:16 содржи една хебрејска стилска фигура во која вториот број е нагласен преку контраст со првиот број. Овој начин на изразување често се користи во Библијата (Јов 5:19; Изреки 30:15, 18, 21).

Нешто повеќе

ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА

Дали Бог ќе ги чуе моите молитви за помош?

Дали Бог навистина е заинтересиран за нашите проблеми?

СТРАЖАРСКА КУЛА

Можеме ли да му угодиме на Бог?

Одговорот можеме да го најдеме во библиските извештаи за Јов, Лот и Давид, кои направиле сериозни грешки.

ИСУС — ПАТОТ, ВИСТИНАТА И ЖИВОТОТ

„Простени ти се гревовите“

Како Исус покажал каква е поврзаноста меѓу гревот и болестите?