Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Дали учењето за реинкарнација се темели на Библијата?

Дали учењето за реинкарнација се темели на Библијата?

Што вели Библијата:

Не. Во Библијата не се спомнува ниту зборот „реинкарнација“ ниту концептот за реинкарнација. Верувањето во реинкарнација се темели на учењето дека душата е бесмртна. * Меѓутоа, Библијата учи дека душата го претставува самиот човек и дека таа умира (1. Мојсеева 2:7; Езекиел 18:4). Кога човекот ќе умре, тој престанува да постои (1. Мојсеева 3:19; Проповедник 9:5, 6).

Која е разликата помеѓу реинкарнација и воскресение?

Библиското учење за воскресение не се темели на учењето дека душата е бесмртна. При воскресението, луѓето кои умреле ќе бидат вратени во живот преку Божјата моќ (Матеј 22:23, 29; Дела 24:15). Учењето за воскресение дава прекрасна надеж дека мртвите повторно ќе живеат на Земјата, која ќе биде обновена, со можност никогаш повторно да не умрат (2. Петрово 3:13; Откровение 21:3, 4).

Погрешни мислења во врска со реинкарнацијата и Библијата

Погрешно мислење: Библијата вели дека пророкот Илија се реинкарнирал во Јован Крстител.

Вистина: Бог прорекол: „Ви го праќам пророкот Илија“, а Исус кажал дека Јован Крстител го исполнил ова пророштво (Малахија 4:5, 6; Матеј 11:13, 14). Сепак, ова не значи дека Илија се реинкарнирал во Јован Крстител. Самиот Јован рекол дека тој не е Илија (Јован 1:21). Всушност, Јован вршел задача слична на задачата на Илија — ја објавувал Божјата порака која содржела повик за покајание (1. Царевите 18:36, 37; Матеј 3:1). Освен тоа, Јован бил „полн со дух и со сила како Илија“ (Лука 1:13-17).

Погрешно мислење: Со изразот „повторно родени“ Библијата укажува на реинкарнација.

Вистина: Библијата покажува дека повторното раѓање се однесува на повторно раѓање во духовна смисла кое настанува додека човекот е сѐ уште жив (Јован 1:12, 13). Повторното раѓање не е неизбежна последица на она што некој го правел во минатото, туку е благослов од Бог кој, на оние што го примаат, им дава посебна надеж за иднината (Јован 3:3; 1. Петрово 1:3, 4).

^ пас. 3 Верувањето дека душата е бесмртна и дека има реинкарнација потекнува уште од древниот Вавилон. Подоцна, индиските филозофи го дефинирале учењето за карма. Според една енциклопедија, карма е „законот за причина и последица, кој вели дека она што некој го прави во сегашниот живот ќе му се одрази врз наредниот живот“ (Britannica Encyclopedia of World Religions, страница 913).