Префрли се на текстот

Јеховини сведоци

Select language македонски

На кого или на што се однесува изразот „речта Божја“?

На кого или на што се однесува изразот „речта Божја“?

Што вели Библијата:

Изразот „речта Божја“ обично се однесува на една или повеќе пораки од Бог (Лука 11:28). На неколку места, изразот „Реч Божја“ или „Речта“ се користи и како титула (Откровение 19:13; Јован 1:14).

Порака од Бог. Пророците во минатото честопати велеле дека пораките што ги пренесувале биле Божја реч. На пример, пред да пренесе неколку пораки од Бог, Еремија велел: „Ми дојде Јеховината реч“ (Еремија 1:4, 11, 13; 2:1). А пророкот Самоил, пред да му каже на Саул дека Бог го избрал за цар, рекол: „Сега застани да ти ја јавам Божјата реч“ (1. Самоилова 9:27).

Титула. Изразот „Речта“ се појавува во Библијата како титула за Исус Христос — и како духовно суштество на небото и како човек на Земјата. Зошто може да го кажеме тоа?

  • Речта постоела пред да биде создадено сѐ друго. „Во почетокот беше Речта... Тој во почетокот беше кај Бог“ (Јован 1:1, 2). Исус е „првороден од сѐ што е создадено... Тој е пред сѐ друго“ (Колошаните 1:13-15, 17).

  • Речта дошла на Земјата како човек. „Речта стана тело и престојуваше меѓу нас“ (Јован 1:14). „Христос Исус... се одрече од самиот себе и зеде облик на роб и стана сличен на луѓето“ (Филипјаните 2:5-7).

  • Речта е Божји Син. Откако апостол Јован рекол дека Речта станала тело, како што е наведено погоре, додал: „Ја гледавме неговата слава, слава што ја имаше како единороден на татко“ (Јован 1:14). Јован исто така напишал: „Исус Христос е Син Божји“ (1. Јованово 4:15).

  • Речта има особини слични на Божјите. „Речта беше бог“ или, како што стои во некои преводи, „Речта беше божествена“ (Јован 1:1; An American Translation). * Исус е „одраз на [Божјата] слава и точна слика на неговото битие“ (Евреите 1:2, 3).

  • Речта владее како цар. Библијата вели дека на главата на Речта Божја има „многу круни“ (Откровение 19:12, 13). Исто така, Речта е наречена „Цар над царевите и Господар над господарите“ (Откровение 19:16). И Исус е наречен „Цар над царевите и Господар над господарите“ (1. Тимотеј 6:14, 15).

  • Речта е Божји гласноговорник. Титулата „Речта“ очигледно се однесува на личноста што Бог ја користи за да ги пренесува неговите пораки и упатства. Исус рекол дека тој ја вршел таа улога: „Самиот Татко, кој ме испрати, ми даде заповед што да кажам и што да зборувам... Затоа, она што го зборувам, го зборувам токму онака како што ми го кажа Таткото“ (Јован 12:49, 50).

^ пас. 9 Нешто повеќе во врска со тоа кој е исправниот начин да се преведе овој стих има во статијата „Дали Исус е Бог?“, која излезе во Стражарска кула од 1 април 2009, стр. 18-19.