Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Од каде знаеме дека живееме во „последните денови“?

Од каде знаеме дека живееме во „последните денови“?

Што вели Библијата:

Библијата дава опис на настаните и условите кои ќе владеат некое време пред да дојде „свршетокот на овој поредок“ или „крајот на светот“ (Матеј 24:3; Превод на МПЦ — Ревидирано издание). Овој период Библијата го нарекува „последните денови“ и „одреденото време на крајот“ (2. Тимотеј 3:1; Даниел 8:19). Некои обележја на пророштвата за последните денови се:

  • Војни во невидени размери (Матеј 24:7; Откровение 6:4).

  • Глад (Матеј 24:7; Откровение 6:5, 6).

  • Силни земјотреси (Лука 21:11).

  • „Смртоносни епидемии“ (Лука 21:11, Радосна Вест).

  • Зголемен криминал (Матеј 24:12).

  • Уништување на Земјата од човечка рака (Откровение 11:18).

  • Расипани мисли и ставови кај повеќето луѓе, кои ќе бидат „неблагодарни, нелојални... неспремни за каков и да било договор, клеветници, без самосовладување, сурови, без љубов кон добротата, предавници, своеглави, горди“ (2. Тимотеј 3:1-4).

  • Распад на семејството, поради тоа што многу луѓе ќе бидат „без љубов кон членовите на семејството“, а децата „непослушни на родителите“ (2. Тимотеј 3:2, 3, фуснота).

  • Кај повеќето луѓе ќе олади љубовта кон Бог (Матеј 24:12).

  • Отворено верско лицемерие (2. Тимотеј 3:5).

  • Зголемено разбирање на библиските пророштва, вклучувајќи ги и пророштвата за последните денови (Даниел 12:4).

  • Добрата вест за Царството ќе се проповеда по целиот свет (Матеј 24:14).

  • Луѓето ќе бидат рамнодушни, па дури и ќе се потсмеваат на доказите дека се ближи крајот (Матеј 24:37-39; 2. Петрово 3:3, 4).

  • Истовремено ќе се исполнуваат сите овие пророштва, а не само дел од нив (Матеј 24:33).

Дали живееме во „последните денови“?

Да. Условите во светот и библиската хронологија покажуваат дека последните денови започнале во 1914 год. Таа година на небото почнало да владее Божјето Царство, кое ги исфрлило Сатана Ѓаволот и демоните од небото и ја ограничило нивната активност само на Земјата (Откровение 12:7-12). Влијанието на Ѓаволот врз човештвото може да се види од лошите ставови и лошите работи што ги прават луѓето, поради кои последните денови се „особено тешки времиња“ за живеење (2. Тимотеј 3:1).

Нешто повеќе

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Дали живееме во „последните денови“?

Дознај зошто постапките и ставовите на луѓето околу нас се доказ дека сега живееме во „последните денови“ кои се проречени во Библијата.

ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА

Што е Армагедон?

Зборот Армагедон се појавува само на едно место во Библијата, но за војната на која се укажува со овој израз се зборува на многу места од Светото писмо.