Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Што вели Библијата за потеклото на Ноќта на вештерките?

Што вели Библијата за потеклото на Ноќта на вештерките?

Што вели Библијата:

Ноќта на вештерките не се спомнува во Библијата. Меѓутоа, и древните и денешните обичаи поврзани со овој празник покажуваат дека тој се темели на лажни верувања за мртвите и за невидливите духови, односно демони. (Види  „Потеклото и обичаите на Ноќта на вештерките“.)

Библијата предупредува: „Кај тебе нека не се најде... некој што повикува духови... ни некој што ги прашува мртвите“ (5. Мојсеева 18:10-12). За некои, Ноќта на вештерките е безопасна забава, но Библијата покажува дека обичаите поврзани со овој празник се опасни. Во 1. Коринќаните 10:20, 21 Библијата вели: „Не сакам вие да имате нешто заедничко со демоните. Не можете да ја пиете чашата на Јехова и чашата на демоните“.

 Потеклото и обичаите на Ноќта на вештерките

  1. Сауин (Samhain): Ноќта на вештерките влече корени од овој „древен пагански празник што Келтите го славеле пред повеќе од 2.000 години“, стои во една енциклопедија (The World Book Encyclopedia). „Келтите верувале дека во тој период, мртвите доаѓале меѓу живите. За време на Сауин, живите можеле да ги посетат мртвите.“ Меѓутоа, Библијата јасно кажува дека мртвите „не се свесни за ништо“ (Проповедник 9:5). Според тоа, мртвите не можат да комуницираат со живите.

  2. Маски, костими и слатки: Според една книга која зборува за Ноќта на вештерките, некои Келти носеле морничави костими за да мислат духовите што шетаат меѓу живите дека и тие се духови и да не ги вознемируваат (Halloween—An American Holiday, An American History). Други им нуделе слатки на духовите за да ги смират. Во средновековна Европа, католичките свештеници ги усвоиле локалните пагански обичаи и ги терале верниците облечени во костими да одат од куќа до куќа и да бараат мали дарови. Но, Библијата не одобрува лажните верски учења да се мешаат со обожавањето на вистинскиот Бог (2. Коринќаните 6:17).

  3. Духови, вампири, врколаци, вештерки и зомбија: Овие суштества уште од многу одамна се поврзуваат со светот на злите духовни сили. Библијата јасно кажува дека треба да им се спротивставиме на злите духовни сили, а не да имаме празници во нивно име (Ефешаните 6:12).

  4. Фенери од тикви: Во средновековна Британија, луѓето што „оделе од куќа до куќа барале храна, а за возврат ветувале дека ќе се молат за мртвите“. Носеле „фенери од издлабени репи во кои имало свеќа која ја претставувала душата заробена во чистилиште“ (Halloween—From Pagan Ritual to Party Night). Други сметаат дека ваквите фенери се користеле за да се бркаат злите духови. Во 19 век во Северна Америка наместо репи почнале да се користат тикви бидејќи ги имало во изобилство и полесно можеле да се длабат и обликуваат. Верувањата на кои се темели овој обичај — бесмртност на душата, чистилиште и молитви за покојните — немаат поткрепа во Библијата (Езекиел 18:4).