Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Дали Бог ја одобрува полигамијата?

Дали Бог ја одобрува полигамијата?

Што вели Библијата:

Некое време, Бог дозволувал еден маж да има повеќе жени (1. Мојсеева 4:19; 16:1-4; 29:18-29). Но, тој не ја вовел полигамијата. На Адам му дал само една жена.

Со текот на времето, Бог преку Исус Христос повторно го воспоставил првобитното мерило за моногамија — брак меѓу еден маж и една жена (Јован 8:28). На едно прашање во врска со бракот, Исус одговорил: „Оној што ги создаде во почетокот, ги создаде машко и женско и рече: ‚Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи до својата жена, и двајцата ќе бидат едно тело‘“ (Матеј 19:4, 5).

Нешто подоцна, и еден ученик на Исус, под водство на светиот дух, напишал: „Секој маж нека има своја жена и секоја жена нека има свој маж“ (1. Коринќаните 7:2). Во Библијата пишува и дека секој маж кому му се дадени посебни задачи во собранието мора да „има само една жена“ (1. Тимотеј 3:2, 12).