Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Дали христијаните смеат да користат контрацепција?

Дали христијаните смеат да користат контрацепција?

Што вели Библијата:

Исус не им рекол на своите следбеници дека мораат да имаат деца ниту, пак, им забранил. Исто така, ни некој од неговите ученици не дал таква заповед. Значи, никаде во Библијата не е забранета контролата на раѓањето. Во врска со тоа, христијаните ги води начелото од Римјаните 14:12, каде што пишува: „Секој од нас ќе положи сметка за себе пред Бог“.

Од таа причина, брачните парови сами одлучуваат дали ќе имаат деца или не. Нивна одлука е и колку деца ќе имаат и кога. Затоа, ако една брачна двојка одлучи да користи некоја контрацептивна метода што не предизвикува абортус, односно не ја убива оплодената јајце клетка, никој нема право да ги осудува заради таа нивна лична одлука (Римјаните 14:4, 10-13).