Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Кој ја напишал Библијата?

Кој ја напишал Библијата?

Што вели Библијата:

Многу луѓе мислат дека не можеме да бидеме сигурни во тоа кој ја напишал Библијата. Во неа честопати јасно се кажува кои биле нејзините писатели. Некои библиски книги почнуваат со следниве фрази: „Зборови на Неемија“, „Видение на Исаија“ и „Речта Јеховина што му дојде на Јоил“ (Неемија 1:1; Исаија 1:1; Јоил 1:1).

Повеќето библиски писатели отворено кажале дека пишувале во името на Јехова, единствениот вистински Бог, и дека тој ги водел во пишувањето. Пророците што ги напишале Хебрејските списи, познати како Стар завет, повеќе од 300 пати рекле: „Вака вели Јехова“ (Амос 1:3; Михеј 2:3; Наум 1:12). Други библиски писатели ја добиле Божјата порака преку ангели (Захарија 1:7, 9).

Библијата ја пишувале околу 40 мажи во период од 1.600 години. Некои од нив напишале по неколку библиски книги. Всушност, Библијата претставува збирка од 66 книги. Делот од Библијата напишан на хебрејски јазик, кој многумина го нарекуваат Стариот завет, содржи 39 книги, а делот од Библијата напишан на грчки јазик, кој многумина го нарекуваат Новиот завет, содржи 27 книги.

 

Нешто повеќе

ДОБРА ВЕСТ ОД БОГ!

Дали Библијата е книга од Бог?

Ако Библијата навистина е книга од Бог, тогаш би требало да се разликува од сите други книги.

СТРАЖАРСКА КУЛА

Библијата и нејзиниот неверојатен опстанок

Дознај каква опасност исе заканувала на Библијата и зошто таа не е само една обична книга?