Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Зошто Бог не ги слуша сите молитви?

Зошто Бог не ги слуша сите молитви?

Што вели Библијата:

Има молитви што Бог не ги слуша. Прочитај две причини од кои Бог не ги слуша молитвите на некои луѓе.

1. Молитви што не се во склад со Божјата волја.

Бог не ги слуша молитвите што не се во склад со неговата волја или со неговите закони и начела, кои се запишани во Библијата (1. Јованово 5:14). На пример, во Библијата пишува дека не треба да бидеме алчни. Коцкањето поттикнува на алчност (1. Коринќаните 6:9, 10). Затоа Бог нема да те услиши ако го молиш да добиеш на лото. Бог не е како некој добар дух што ќе направи сѐ што ќе посакаш. Всушност, треба да бидеш благодарен за ова. Инаку ќе треба да живееш во страв од она што другите може да го побараат од Бог (Јаков 4:3).

2. Молитви од луѓе што не постапуваат исправно.

Бог не ги слуша молитвите на оние што му нанесуваат болка со своите постапки. На пример, на оние што тврделе дека му служат, но не постапувале исправно, Бог им рекол: „Кажувате многу молитви, но јас не слушам — рацете ви се полни со крв“ (Исаија 1:15). Сепак, ако тие се сменеле и ако се помиреле со Бог, тој ќе ги чуел нивните молитви (Исаија 1:18).