Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Дали Исус бил само еден добар човек?

Дали Исус бил само еден добар човек?

Што вели Библијата:

Исус не бил само добар човек. Во најмала рака, тој бил најзначајната личност во човечката историја. Забележи што рекле за него некои познати историчари и писатели:

Исус од Назарет... несомнено е највлијателната личност во историјата“ (Х. Џ. Велс, англиски историчар).

Никој во историјата не извршил поголемо влијание врз луѓето од Исус, а неговото влијание и понатаму се зголемува“ (Кенет Скот Латурет, американски историчар и писател).

Библијата покажува зошто Исус извршил поголемо влијание од кој и да е друг добар човек што некогаш живеел. Кога ги прашал своите најблиски следбеници кој мислат дека е тој, еден од нив точно одговорил: „Ти си Христос, Синот на живиот Бог“ (Матеј 16:16).