Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Зошто Исус е наречен Божји Син?

Зошто Исус е наречен Божји Син?

Што вели Библијата:

Бог ги создал сите живи суштества (Откровение 4:11). Затоа, првиот човек, Адам, во Библијата е наречен „син на Бог“ (Лука 3:38). Се разбира, тоа не значи дека Бог има жена. Во Библијата пишува дека Бог го создал и Исус. Затоа, и Исус е наречен „Синот Божји“ (Јован 1:49).

Бог го создал Исус пред да го создаде Адам. Во врска со Исус, апостол Павле напишал: „Тој е сликата на невидливиот Бог, првороден од сѐ што е создадено“ (Колошаните 1:15). Долго време пред да се роди како човек во една штала во Витлеем, Исус живеел како духовно суштество. Затоа, Библијата вели дека тој „потекнува од дамнини, од прадамнешните денови“ (Михеј 5:2). Исус е Божји првороден Син. Пред да дојде на Земјата, тој живеел на небото заедно со Бог. Самиот Исус рекол дека слегол од небото (Јован 6:38; 8:23).