Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Дали природните катастрофи се казна од Бог?

Дали природните катастрофи се казна од Бог?

Што вели Библијата:

Библијата не вели дека Бог е виновен за природните катастрофи што се случуваат денес. Случаите кога Бог уништувал, запишани во Библијата, многу се разликуваат од природните катастрофи.

  1. Бог е селективен. Во Библијата пишува: „Човекот го гледа она што го гледаат очите, а Јехова го гледа она што е во срцето“ (1. Самоилова 16:7).

  2. Јехова гледа што се крие во срцата на луѓето и ги уништува само оние што ги смета за злобни (1. Мојсеева 18:23-32).

  3. Бог прво дава предупредувања, со што на праведните им дава можност да се спасат.

Од друга страна, природните катастрофи се случуваат без некое предупредување и во нив умираат и страдаат и добрите и лошите луѓе. Во извесна мера, луѓето уште повеќе придонеле за овие катастрофи со тоа што ја уништуваат природата и се населуваат на места каде што често има земјотреси, поплави и други временски непогоди.