Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Дали Исус умрел на крст?

Дали Исус умрел на крст?

Што вели Библијата:

За многу луѓе, крстот е најпознатиот симбол на христијанството. Но, Библијата не опишува како изгледал предметот на кој Исус бил погубен, па затоа никој не може со сигурност да тврди каква форма имал. Сепак, од Библијата се гледа дека Исус не умрел на крст, туку на исправен столб.

За предметот на кој Исус бил погубен, Библијата го користи грчкиот збор ставрос (Матеј 27:40; Јован 19:17). Иако во многу преводи овој збор е преведен со „крст“, многу изучувачи сметаат дека неговото основно значење е „исправен столб“. * Делото A Critical Lexicon and Concordance to the English and Greek New Testament наведува дека ставрос „никогаш не означува две греди вкрстени под одреден агол“.

Како синоним за ставрос, во Библијата се користи и грчкиот збор ксилон (Дела 5:30; 1. Петрово 2:24). Овој збор значи „греда“, „трупец“, „столб“ или „дрво“. * Затоа, The Companion Bible заклучува: „Грчкиот јазик на кој е пишуван Н[овиот] з[авет] со ништо не укажува на две греди.“

Дали Бог одобрува да се употребува крстот?

Crux simplex — латинскиот назив за столбот на кој биле погубувани злосторниците

Без оглед на тоа каква форма имал предметот на кој Исус умрел, следниве факти и библиски стихови покажуваат дека крстот не треба да се употребува за да се обожава Бог.

  1. Бог забранил да се употребуваат какви и да било ликови и симболи, меѓу кои и крстот. Бог им заповедал на Израелците да не употребуваат „лик на каков и да е идол“. Слично на тоа, на христијаните им е заповедано: „Бегајте од идолопоклонство“(5. Мојсеева 4:15-19; 1. Коринќаните 10:14).

  2. Христијаните од првиот век не употребувале крст. * Сите христијани треба да се придржуваат за учењата на апостолите и да го следат нивниот пример (2. Солуњаните 2:15).

  3. Крстот првобитно се користел во паганските религии. * Стотици години по смртта на Исус, кога црквите отстапиле од неговите учења, на новите верници „во голема мера им било допуштено да си ги задржат своите пагански обележја и симболи“, меѓу кои и крстот (The Expanded Vine’s Expository Dictionary of New Testament Words). Меѓутоа, Библијата не одобрува да се прифатат пагански симболи само за да се придобијат нови верници (2. Коринќаните 6:17).

^ пас. 4 Види го третото издание од New Bible Dictionary, подготвено од Дерек Вуд, страница 245; Theological Dictionary of the New Testament, том VII, страница 572; The International Standard Bible Encyclopedia, ревидирано издание, том 1, страница 825; и The Imperial Bible-Dictionary, том II, страница 84.

^ пас. 5 Види во The Expanded Vine’s Expository Dictionary of New Testament Words, страница 1165; A Greek-English Lexicon, од Хенри Лидл и Роберт Скот, деветто издание, страници 1191-1192; и Theological Dictionary of the New Testament, том V, страница 37.

^ пас. 9 Види во Encyclopædia Britannica, 2003, одредница “Cross”; The Cross—Its History and Symbolism, страница 40; и The Companion Bible, Oxford University Press, додаток 162, страница 186.

^ пас. 10 Види во The Encyclopedia of Religion, том 4, страница 165; The Encyclopedia Americana, том 8, страница 246; и Symbols Around Us, страници 205-207.