Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Ако двајца се сакаат, дали е во ред да живеат невенчано?

Ако двајца се сакаат, дали е во ред да живеат невенчано?

Што вели Библијата:

Библијата јасно покажува дека „Бог ќе им суди на блудниците“ (Евреите 13:4). Грчкиот збор за „блуд“, порниа, вклучува предбрачен секс. Според тоа, би било погрешно во Божји очи една невенчана двојка да живее заедно — дури и ако имаат намера подоцна да стапат во брак.

Што ако двајца многу се сакаат? И тогаш Бог бара тие да се венчаат пред да имаат полови односи. Бог е тој што нѐ создал со способност да покажуваме љубов. Љубовта е најистакната особина на Бог (1. Јованово 4:8). Според тоа, тој има добри причини што бара брачните двојки да бидат венчани пред да имаат полови односи.