Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Зошто да се молиме во името на Исус?

Зошто да се молиме во името на Исус?

Што вели Библијата:

Бог ќе ги чуе нашите молитви само ако му ги упатуваме во името на Исус. Самиот Исус рекол: „Јас сум патот и вистината и животот. Никој не доаѓа кај Таткото, освен преку мене“ (Јован 14:6). Исто така, тој им рекол на своите верни апостоли: „Вистина, ви велам, што и да побарате од Таткото, ќе ви даде во мое име“ (Јован 16:23).

Други причини зошто да се молиме во името на Исус:

  • со тоа им оддаваме чест на Исус и на неговиот Татко, Јехова Бог (Филипјаните 2:9-11)

  • со тоа покажуваме благодарност за тоа што Бог го испратил Исус да умре за да нѐ спаси (Матеј 20:28; Дела 4:12)

  • со тоа ја признаваме Исусовата улога како Посредник меѓу Бог и луѓето (Евреите 7:25)

  • со тоа покажуваме ценење за Исусовата служба како Првосвештеник кој може да ни помогне да бидеме во мир со Бог (Евреите 4:14-16)