Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Како можеш да ја разбереш Библијата?

Како можеш да ја разбереш Библијата?

Што вели Библијата:

Самата Библија ни кажува како можеме да ја разбереме. Без разлика на твоето потекло, култура и образование, пораката од Бог запишана во Библијата „не е претешка за тебе и не е предалеку од тебе“ (5. Мојсеева 30:11).

Што е потребно за да ја разбереш Библијата:

  1. Да имаш исправен став. Прифати ја Библијата како книга од Бог. Важно е да бидеш понизен затоа што Бог не ја сака гордоста (1. Солуњаните 2:13; Јаков 4:6). Но, немој да бидеш лековерен. Бог сака да го користиш „својот разум“ (Римјаните 12:1, 2).

  2. Да се молиш за мудрост. Библијата во Изреки 3:5 вели: „Не потпирај се на сопствениот разум“. Наместо тоа, барај мудрост од Бог за да ја разбереш Библијата (Јаков 1:5).

  3. Да ја проучуваш редовно. Ќе извлечеш многу поголема корист ако Библијата ја проучуваш редовно, а не одвреме-навреме (Исус Навин 1:8).

  4. Да ја проучуваш тема по тема. Ваквото проучување е добар начин да дознаеш што учи Библијата. Почни со основните учења, а по некое време премини на подлабоките учења (Евреите 6:1, 2). Ако стиховите што ги проучуваш ги споредуваш со други стихови, ќе видиш дека Библијата се толкува самата себе. Ова ќе ти помогне да ги разбереш дури и потешките делови од неа (2. Петрово 3:16).

  5. Да побараш помош. Библијата нѐ поттикнува да прифатиме помош од оние што ја разбираат нејзината порака (Дела 8:30, 31). Јеховините сведоци нудат бесплатен курс за проучување на Библијата. Исто како првите христијани, тие им помагаат на другите да дознаат што навистина учи Библијата (Дела 17:2, 3).

Што не е потребно:

  1. Голема интелигенција или високо образование. Иако за некои луѓе дванаесетте апостоли на Исус биле „неуки и обични“, тие ги разбирале Светите списи и ги поучувале другите за нив (Дела 4:13).

  2. Пари. Можеш бесплатно да дознаеш што учи Библијата. Исус им рекол на своите ученици: „Бесплатно добивте, бесплатно давајте“ (Матеј 10:8).