Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Дали имаме слободна волја или Бог ни ја одредува судбината?

Дали имаме слободна волја или Бог ни ја одредува судбината?

Што вели Библијата:

Наместо однапред да ни ја одреди судбината, Бог ни дал прекрасен дар — слободна волја, односно способност сами да донесуваме одлуки. Да разгледаме некои мисли од Библијата.

  • Бог ги создал луѓето според својот лик (1. Мојсеева 1:26). За разлика од животните, кои се водат според своите инстинкти, ние сме слични на нашиот Творец во таа смисла што можеме да ги покажуваме неговите особини, како што се љубовта и правдата. Освен тоа, исто како Бог, и ние имаме слободна волја.

  • Во голема мера, сами си ја одредуваме иднината. Библијата нѐ поттикнува да го ,избереме животот, така што ќе го слушаме Божјиот глас‘, односно ќе ги слушаме неговите заповеди (5. Мојсеева 30:19, 20). Ова би било бесмислено, па дури и сурово, кога би немале слободна волја. Бог не нѐ присилува да го слушаме, туку љубезно ни вели: „О, да внимаваше на моите заповеди! Твојот мир ќе беше како река“ (Исаија 48:18).

  • Судбината не е одговорна за она што ни се случува во животот. Ако сакаме да успееме во нешто, мораме да вложиме труд. Во Библијата пишува: „Сѐ што ќе ти дојде до рака да правиш, прави го со сета своја сила“ (Проповедник 9:10). Исто така, во неа пишува дека „замислите на трудољубивиот сигурно донесуваат корист“ (Изреки 21:5).

Слободната волја навистина е скапоцен дар од Бог. Само со неа можеме да го сакаме Бог со „сето свое срце“ без да сме присилени на тоа (Матеј 22:37).

Дали Бог држи сѐ под своја контрола?

Во Библијата пишува дека Бог е Семоќен, односно дека има неограничена моќ (Јов 37:23; Исаија 40:26). Но, тој не ја користи својата моќ за да држи сѐ под своја контрола. На пример, Библијата вели дека Бог ,се воздржувал‘ да не го уништи древниот Вавилон, кој бил непријател на неговиот народ (Исаија 42:14). Слично на тоа, и во денешно време тој одлучува да покаже стрпливост кон оние што ги повредуваат другите. Меѓутоа, Бог нема да дозволи тоа да трае засекогаш (Псалм 37:10, 11).

 

Нешто повеќе

СТРАЖАРСКА КУЛА

Бог сака да бидеш близок со него

Што ако веруваш во Бог, но не се чувствуваш близок со него?

ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА

Дали Ѓаволот може да влијае врз луѓето?

Како Ѓаволот влијае врз луѓето и како можеш да му се спротивставиш?