Дали Библијата е обична книга напишана од мудри луѓе?
Што вели Библијата:
Библијата, или Светото писмо, содржи многу мудри изреки. Меѓутоа, забележи што вели таа за себе: „Целото Писмо е вдахновено од Бог“ (2. Тимотеј 3:16). Постојат многу докази што го потврдуваат ова. Размисли за следниве:
Никој досега не успеал да ја побие историската точност на Библијата.
Библиските писатели биле чесни луѓе кои отворено пишувале за своите и за туѓите грешки. Нивната искреност јасно покажува дека она што го напишале е вистина.
Библијата има една главна тема: како ќе биде оправдано правото на Бог да владее со луѓето и како ќе се исполни неговата намера преку небесното Царство.
Иако била напишана пред илјадници години, Библијата не содржи погрешни научни претстави кои биле широко прифатени во древните времиња.
Историските докази потврдуваат дека библиските пророштва се исполниле.