Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Кое е библиското гледиште за абортусот?

Кое е библиското гледиште за абортусот?

Што вели Библијата:

За Бог животот е свет, и за него дури и ембрионот е живо суштество. Во врска со Бог, цар Давид напишал: „Твоите очи ме видоа додека бев зародок“ (Псалм 139:16). Бог рекол дека оној што ќе повреди неродено дете ќе одговара за тоа. Значи, во негови очи, абортусот е убиство (2. Мојсеева 20:13; 21:22, 23).

Но, што ако при породувањето дојде до компликации и брачните партнери се принудени да изберат меѓу животот на мајката и животот на детето? Во таков случај, сопружниците треба да донесат одлука чиј живот да се спаси.