ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА

Кој е антихристот?

македонски
Кој е антихристот?
https://cms-imgp.jw-cdn.org/img/p/502015110/univ/art/502015110_univ_sqr_xl.jpg
ijwbq статија 87

Кој е антихристот?

Кој е антихристот?

Што вели Библијата:

 Антихристот не е само една личност, организација или суштество бидејќи Библијата вели дека има „многу антихристи“ (1. Јованово 2:18) Изразот „антихрист“, кој доаѓа од еден грчки збор што значи „против (или наместо) Христос“, се однесува на секој што:

 Поединците кои прават вакви работи, Библијата ги нарекува антихристи, но и за сите нив заедно го користи изразот „антихристот“ (2. Јованово 7). Антихристот за првпат се појавил во времето на апостолите и дејствува сѐ до ден-денес. Токму тоа е проречено во Библијата (1. Јованово 4:3).

Како да ги препознаеме антихристите

  •   Тие шират лажни учења за Исус (Матеј 24:9, 11). На пример, оние што поучуваат за тројството или што тврдат дека Исус е Семоќниот Бог, всушност, се спротивставуваат на учењата на Исус, кој рекол: „Таткото е поголем од мене“ (Јован 14:28).

  •   Антихристите го отфрлаат она што Исус го рекол за начинот на кој владее Божјето Царство. На пример, некои верски водачи велат дека Христос дејствува преку човечките влади. Сепак, ова учење е во спротивност со она што го рекол Исус: „Моето царство не е дел од овој свет“ (Јован 18:36).

  •   Тие велат дека Исус е нивен Господар, но не се послушни на неговите заповеди, вклучувајќи ја и заповедта да се проповеда добрата вест за Божјето Царство (Матеј 28:19, 20; Лука 6:46; Дела 10:42).