28 јули — 3 август

ИЗРЕКИ 24

28 јули — 3 август

Песна 38 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. Подготви се за тешки ситуации

(10 мин.)

Продолжи да стекнуваш знаење и мудрост (Из 24:5; w23.07 18, пас. 15)

Продолжи да ги извршуваш духовните активности, дури и кога си обесхрабрен (Из 24:10; w09 15/12 18, пас. 12-13)

Цврстата вера и љубовта кон Јехова ќе ни помогнат повторно да застанеме на нозе по некоја тешка ситуација (Из 24:16; w20.12 15)

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Из 24:27 — Што учиме од оваа изрека? (w09 15/10 12)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(2 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Разговорот завршува пред да успееш да дадеш сведоштво. (lmd лекција 2: точка 4)

5. Започнување разговори

(3 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. (lmd лекција 3: точка 4)

6. Започнување разговори

(3 мин.) СВЕДОЧЕЊЕ НА ЈАВНИ МЕСТА. Накратко објасни му на лицето за нашиот библиски курс и дај му визит-картичка за библиски курс. (lmd лекција 4: точка 3)

7. Говор

(3 мин.) lmd додаток А: точка 11 — Тема: Бог комуницира со нас. (th лекција 6)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 99

8. Да си помагаме еден на друг во тешки ситуации

(15 мин.) Дискусија.

Секој од нас може ненадејно да биде погоден од некоја заразна болест, природна катастрофа, граѓански немири, војна или прогонство. Кога ќе се најдат во такви тешки ситуации, вистинските христијани си помагаат и се храбрат еден со друг. Дури и кога ние лично не сме погодени, сочувствуваме со нашите соверници и правиме сѐ што можеме за да им помогнеме (1Ко 12:25, 26).

Прочитај 1. Царевите 13:6 и Јаков 5:16б. Потоа, прашај ги присутните:

  • Зошто молитвите во кои се молиме за другите имаат голема сила?

Прочитај Марко 12:42-44 и 2. Коринќаните 8:1-4. Потоа, прашај ги присутните:

  • Дури и ако сме сиромашни и можеме да дадеме само мал прилог за меѓународното дело со цел да им се помогне на браќата во тешки ситуации, зошто сепак е добро да го правиме тоа?

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Ги зајакнувале браќата за време на забрана. Потоа, прашај ги присутните:

  • Какви големи жртви правеле браќата за да им помогнат на соверниците кои живееле онаму каде што делото било забрането?

  • Како браќата и сестрите покажале дека се послушни на заповедта да се состануваат и да се храбрат додека биле под забрана? (Ев 10:24, 25).

9. Собраниско проучување на Библијата

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 112 и молитва