21-27 јули

ИЗРЕКИ 23

21-27 јули

Песна 97 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. Мудри начела за употребата на алкохол

(10 мин.)

Ако одлучиш да пиеш алкохол, немој да пиеш премногу (Из 23:20, 21; w04 1/12 19, пас. 5-6)

Имај ги на ум лошите последици од пијанството (Из 23:29, 30, 33-35; w23.12 14, пас. 4)

Немој да се залажуваш дека можеш да се опиваш без да имаш некакви последици (Из 23:31, 32)

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Из 23:21 — Дали тоа што некој има прекумерна телесна тежина значи дека е лаком? Објасни. (w04 1/11 31, пас. 2)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(2 мин.) СВЕДОЧЕЊЕ НА ЈАВНИ МЕСТА. (lmd лекција 3: точка 5)

5. Правење повторни посети

(5 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Покажи како изгледа еден библиски курс. (lmd лекција 9: точка 5)

6. Водење библиски курсеви

(5 мин.) Охрабри го твојот интересент кој се бори да престане со некоја навика која не е во склад со библиските начела. (lmd лекција 12: точка 4)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 35

7. Дали да служам алкохол или не?

(8 мин.) Дискусија.

Кога некој организира некаква забава, како на пример свадба, дали треба да служи алкохол? Тоа е лична одлука. Но, секој треба внимателно да размисли така што ќе земе предвид повеќе библиски начела, како и некои други фактори, за на крајот да може да донесе урамнотежена одлука.

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Дали да служам алкохол? Потоа, прашај ги присутните:

  • Како можат следните библиски начела да им помогнат на оние што организираат свадба да одлучат дали ќе се служи алкохол или не?

    • Јвн 2:9  На една свадба, Исус претворил вода во вино.

    • 1Ко 6:10  „[Пијаниците]... нема да го наследат Божјето царство“.

    • 1Ко 10:31, 32  „Било да јадете, било да пиете... правете сѐ за Божја слава. Не бидете им за спрепнување [на другите]“.

  • Кои други фактори треба да се земат предвид?

  • Зошто мора да го користиме нашиот разум додека проценуваме како да примениме различни библиски начела? (Ри 12:1; Про 7:16-18)

8. Потреби на собранието

(7 мин.)

9. Собраниско проучување на Библијата

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 40 и молитва