14-20 јули
ИЗРЕКИ 22
Песна 79 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)
1. Мудри начела за воспитување на децата
(10 мин.)
Подготви ги твоите деца за тешкотиите во животот (Из 22:3; w20.10 27, пас. 7)
Почни да ги поучуваш уште од самото нивно раѓање (Из 22:6; w19.12 26, пас. 17-19)
Дисциплинирај ги со љубов (Из 22:15; w06 1/4 9, пас. 5)
2. Духовни бисери
(10 мин.)
-
Из 22:29 — Како може да ја примениме оваа изрека кога станува збор за собраниските активности, и како тоа ќе ни користи? (w21.08 22, пас. 11)
-
Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?
3. Читање на Библијата
(4 мин.) Из 22:1-19 (th лекција 10)
4. Започнување разговори
(3 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. (lmd лекција 5: точка 4)
5. Започнување разговори
(4 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Покажи му на лицето како на jw.org може да пронајде некоја информација што е корисна за родителите. (lmd лекција 1: точка 4)
6. Говор
(5 мин.) ijwyp статија 100 — Тема: Прекршив семејно правило — што сега? (th лекција 20)
Песна 134
7. Биди стрплив, но не биди попустлив
(15 мин.) Дискусија.
При воспитувањето на децата, потребна е голема стрпливост. Родителите мора да им посветуваат внимание на своите деца и да поминуваат доволно време со нив (5Мо 6:6, 7). За да дознаат што има во срцата на нивните деца, родителите мора да им поставуваат прашања и потоа внимателно да ги слушаат додека тие зборуваат (Из 20:5). Исто така, родителите можеби ќе треба повеќе пати да им ги повторат поуките на своите деца за да можат тие да ги разберат и да ги применат.
Сепак, стрпливите родители не се попустливи. Јехова им дал авторитет да им поставуваат граници на своите деца и соодветно да ги дисциплинираат кога тие ќе бидат непослушни (Из 6:20; 23:13).
Прочитај Ефешаните 4:31. Потоа, прашај ги присутните:
-
Зошто родителите не треба во лутина да ги дисциплинираат своите деца?
Прочитај Галатите 6:7. Потоа, прашај ги присутните:
-
Зошто е важно родителите да ги поучуваат своите деца дека лошите постапки носат последици?
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Стрпливо и со љубов поднесувај ги другите — твоите деца. Потоа, прашај ги присутните:
-
Што научи од видеоклипот?
8. Собраниско проучување на Библијата
(30 мин.) lfb „Писмо од Водечкото тело“, вовед во дел 1 и поглавје 1