11-17 август

ИЗРЕКИ 26

11-17 август

Песна 88 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. Држи се настрана од „безумникот“

(10 мин.)

„Безумникот“ обично не заслужува почит (Из 26:1; it-2-E 729, пас. 6)

На „безумникот“ честопати му треба укор (Из 26:3; w87-E 1/10 19, пас. 12)

На „безумникот“ не можеш да се потпреш (Из 26:6; it-2-E 191, пас. 4)


ДЕФИНИЦИЈА: Во Библијата, со изразот „безумник“ се опишува некој што одбива здрава логика и не живее според Божјите морални мерила.

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Из 26:4, 5 — Зошто овие две изреки не се контрадикторни? (it-1-E 846)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(3 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Користи некој трактат за да започнеш разговор. (lmd лекција 1: точка 5)

5. Правење повторни посети

(4 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Продолжете да разговарате за трактатот што си му го оставил на лицето претходниот пат. (lmd лекција 7: точка 4)

6. Водење библиски курсеви

(5 мин.) Помогни му на интересентот да се подготви за да му сведочи на некој роднина. (lmd лекција 11: точка 5)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 94

7. Проучувањето ќе ти помогне да станеш „мудар за да добиеш спасение“

(15 мин.) Дискусија.

Апостол Павле го потсетил Тимотеј колкава вредност имаат светите списи за кои бил поучен од рано детство. Тие списи можеле да му помогнат на Тимотеј да стане „мудар за да [добие] спасение“ (2Ти 3:15). Бидејќи библиските вистини имаат толку голема вредност, многу е важно секој христијанин да одвои време за редовно да ја чита и проучува Библијата. Но што ако не уживаме да проучуваме?

Прочитај 1. Петрово 2:2. Потоа, прашај ги присутните:

  • Дали е можно да научиме да уживаме во проучувањето?

  • Што можеме да правиме за да развиеме желба за да ја проучуваме Божјата Реч? (w18.03 29, пас. 6).

  • Како можат алатките од нашата организација, како на пример апликацијата JW Li­brary®, да ни помогнат да извлечеме поголема корист од проучувањето?

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Што постигнува нашата организација — предлози како да се користи JW Li­brary. Потоа, прашај ги присутните:

  • Како ти користи апликацијата JW Li­brary?

  • Кои опции особено сакаш да ги користиш?

  • Кои опции сакаш да ги научиш и да почнеш да ги користиш?

8. Собраниско проучување на Библијата

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 89 и молитва