Одговор на библиски прашања
Како да научат децата да го сакаат Бог?
Поучи го детето за работите што ги создал Бог за да му помогнеш да го запознае и засака
Твоите деца можат да научат да го сакаат Бог само ако се уверени дека тој постои и дека ги сака. За да го сакаат Бог, треба да го познаваат (1. Јованово 4:8). На пример, треба да знаат: „Со каква намера Бог го создал човекот? Зошто Бог ги допушта страдањата? Што ќе направи Бог за луѓето во иднина?“ (Прочитај Филипјаните 1:9.)
За да им помогнеш на твоите деца да го засакаат Бог, мора да им покажеш дека и ти го сакаш. Кога ќе го видат тоа, веројатно ќе го следат твојот пример. (Прочитај 5. Мојсеева 6:5-7; Изреки 22:6.)
Како да допреш до срцето на твоето дете?
Божјата Реч е многу моќна (Евреите 4:12). Затоа, помогни им на твоите деца да ги научат основните библиски учења. За да допре до срцата на луѓето, Исус поставувал прашања, слушал и го објаснувал Светото писмо. За да допреш до срцето на твоето дете, и ти треба да го поучуваш како што поучувал Исус. (Прочитај Лука 24:15-19, 27, 32.)
Освен тоа, децата можат да го запознаат и да го засакаат Бог преку извештаите од Библијата во кои е опишано како тој постапувал со луѓето. На www.jw.org/mk можеш да најдеш публикации кои се издадени токму за таа цел. (Прочитај 2. Тимотеј 3:16.)