Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ЛАГИ ШТО ГО ОЦРНУВААТ БОГ

Зошто на некои им е тешко да го сакаат Бог

Зошто на некои им е тешко да го сакаат Бог

„,Сакај го Јехова, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој ум‘. Тоа е најголемата и прва заповед.“ (Исус Христос, 33 год. од н.е.) *

На многу луѓе им е тешко да го сакаат Бог. Им се чини дека тој е несфатлив, далечен, па дури и суров. Еве што рекле некои:

  • „Иако му се молев на Бог за помош, чувствував дека е многу далечен, речиси недостижен. За мене тој беше само едно несфатливо суштество без чувства“ (Марко, Италија).

  • „Иако верував во Бог, ми се чинеше премногу далечен. Си замислував дека е многу строг и дека едвај чека да нѐ казни за нешто. Не верував дека е сочувствителен и добар“ (Роса, Гватемала).

  • „Како дете мислев дека Бог постојано гледа дали правиме грешки за веднаш да нѐ казни. Подоцна, ми се чинеше дека се држи настрана од нас — како еден премиер кој владее со луѓето, но воопшто не му е гајле за нив“ (Рејмонда, Канада).

Што мислиш ти? Дали е тешко да го сакаме Бог? Многу верници со векови си го поставувале ова прашање. Всушност, во текот на средниот век, повеќето христијани воопшто не му се молеле на Семоќниот Бог. Зошто? Затоа што имале морбиден страв од него. Историчарот Вил Дјурант напишал: „Како можел еден обичен грешник да се осмели да му се помоли на некој што е толку страшен и далечен?“

Зошто луѓето почнале да мислат дека Бог е „страшен и далечен“? Што вели Библијата за Бог? Дали ќе ти биде полесно да го сакаш откако ќе ја дознаеш вистината за него?