Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

1. Побарај помош од авторот

1. Побарај помош од авторот

Како можеш да ја разбереш Библијата

1. Побарај помош од авторот

„Едно време ја читав Библијата пред да си легнам“, вели Нинфа од Италија. „Тоа го правев затоа што сфатив дека таа е Божја реч. Иако не ми беше многу интересно да ја читам, сакав да знам што напишал Бог во неа. Имав намера да ја прочитам целата. Во почетокот ми одеше добро, но потоа дојдов до делови што ми беа тешки да ги разберам и затоа престанав да ја читам.“

ДАЛИ и тебе ти се случило нешто слично? Многу луѓе ќе речат ‚да‘. Сепак, како што видовме во претходната статија, Авторот на Библијата, Јехова Бог, сака да ја разбереш неговата Реч. Но, како ќе го постигнеш тоа? Првиот чекор е да побараш помош од нејзиниот Автор.

Во очите на луѓето, Исусовите апостоли биле „неуки и обични“ затоа што не добиле верска обука на рабинските школи (Дела 4:13). Сепак, Исус ги уверил дека можат да ја разберат Божјата реч. Како? Тој им објаснил: „Помошникот, светиот дух, кого Таткото ќе го испрати во мое име, тој ќе ве поучи за сѐ“ (Јован 14:26). Бог го употребил својот свет дух, односно силата со која се служи, за да ја создаде Земјата и животот на неа (1. Мојсеева 1:2). Исто така, ја употребил за да вдахне околу 40 писатели да ги запишат неговите мисли во Библијата (2. Петрово 1:20, 21). Истиот тој дух може да им помогне и на оние што сакаат да ја разберат Библијата.

Како можеш да го добиеш Божјиот свет дух? Треба со вера да го молиш Бог да ти го даде. Всушност, можеби ќе треба упорно да бараш. „Молете, и ќе ви се даде“, рекол Исус. „Ако вие... знаете да им давате на своите деца добри дарови, колку повеќе Таткото, кој е на небото, ќе им даде свет дух на оние што го молат за тоа!“ (Лука 11:9, 13). Јехова великодушно ќе им даде свет дух на оние што искрено се молат за него. Таа сила може да ти помогне да го сфатиш значењето на вдахновените зборови што биле запишани во Библијата пред илјадници години. Освен тоа, Божјиот дух може да ти ја даде мудроста што ти е потребна за да ја примениш силната порака од Библијата во својот живот (Евреите 4:12; Јаков 1:5, 6).

Затоа, секогаш кога ќе земеш да ја читаш Библијата, моли го Бог да ти даде свет дух за да можеш да ја разбереш неговата Реч.