Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

[од лево на десно] Марсело, Јомара и Ивер. Секој од нив држи по еден том од Превод Нов свет на Брајово писмо на шпански јазик

Љубов на дело

Љубов на дело

ЈОМАРА и нејзините браќа Марсело и Ивер, живеат во едно мало село во Гватемала. Јомара почнала да ја проучува Библијата со Јеховините сведоци, а потоа ѝ се придружиле и нејзините браќа. Но, имало еден проблем — сите тројца се слепи и не знаеле да читаат на Брајово писмо. Затоа, оној што ја проучувал Библијата со нив, морал да им ги чита библиските стихови и материјалот за проучување.

Уште еден предизвик со кој се соочиле биле собраниските состаноци. Тие не можеле самите да одат до салата за состаноци која се наоѓала на 40 минути од нивниот дом. Но, браќата од собранието се погрижиле тие да можат да присуствуваат на сите состаноци. А кога Јомара, Марсело и Ивер почнале да добиваат ученички задачи на состаноците, браќата им помагале напамет да ги научат своите точки.

Од мај 2019 год., собраниските состаноци почнале да се одржуваат во нивното село. Во меѓувреме, во селото се доселил еден брачен пар општи пионери. Тие си поставиле за цел да им помогнат на Јомара, Марсело и Ивер да научат да читаат и да пишуваат на Брајово писмо, иако ни самите не знаеле да го прават тоа. Затоа, зеле книги од библиотека од кои научиле како да поучуваат слепи лица за Брајово писмо.

Марсело коментира за време на собраниски состанок

За само неколку месеци Јомара, Марсело и Ивер, научиле многу добро да читаат на Брајово писмо и тоа им помогнало да развијат уште поблиско пријателство со Јехова. Сега тие служат како општи пионери, а Марсело е и слуга-помошник. Тие секојдневно се зафатени со духовни активности, а нивната ревност позитивно влијае врз сите во собранието.

Тие се многу благодарни за љубовта и поддршката што ги добиваат од собранието. Јомара вели: „Уште од првиот пат кога ги запознавме, Јеховините сведоци ни покажуваат вистинска љубов“. Марсело додава: „Во нашето собрание имаме прекрасни пријатели. Освен тоа, дел сме од едно меѓународно братство во кое владеат љубов и единство“. Јомара и нејзините браќа со душа го чекаат времето кога Земјата ќе биде претворена во рај (Пс. 37:10, 11; Иса. 35:5).