Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

СВЕТ ВО ХАОС

1 | Чувај си го здравјето

1 | Чувај си го здравјето

ЗОШТО Е ВАЖНО

Кога ќе дојде до некоја криза или ќе се случи некоја несреќа, тоа може да се одрази врз здравјето на луѓето.

  • Тешките ситуации ги ставаат луѓето под стрес, а долготрајниот стрес може да доведе до здравствени проблеми.

  • Во вонредни ситуации здравствениот систем може да биде оптоварен и поради тоа потешко да се дојде до соодветно лекување.

  • Во кризни ситуации луѓето страдаат во финансиски поглед и тешко им е да ги обезбедат основните работи, како што се храна и здравствена грижа.

Што треба да знаеш

  • Поради сериозните болести и стресот, би можел да носиш лоши одлуки кои штетно ќе влијаат врз твоето здравје.

  • Ако ги занемаруваш здравствените проблеми, состојбата може само да ти се влоши, па дури и да си го доведеш животот во опасност.

  • Колку подобро здравје имаш толку полесно ќе носиш добри одлуки во случај на криза.

  • Без разлика каква ти е економската состојба, можеш да преземеш нешто за да си го заштитиш здравјето.

Што можеш да преземеш уште сега

Секогаш кога е можно, еден мудар човек размислува за можните опасности и презема мерки за да ги избегне. Ова важи и во поглед на здравјето. Обично има помали шанси да се заразиш или барем да поминеш со полесни симптоми ако одржуваш добра хигиена. Впрочем, подобро е да се спречи отколку да се лечи.

„Затоа што одржуваме добра лична хигиена и хигиена во домот, се поштедуваме од дополнителни здравствени трошоци“ (Андреас). a

a Некои имиња во ова списание се сменети.