ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | КАКО ДА ПРЕБРОДИШ НЕМИЛ НАСТАН
Како да пребродиш немил настан
КОГА-ТОГАШ, сите ќе се соочиме со некој немил настан. Тоа не ги одминува ни оние што навидум имаат сѐ.
БИБЛИЈАТА ВЕЛИ:
„Трката не ја добиваат брзите, ни битката силните, ниту лебот го имаат мудрите, ни богатството разборитите, ниту се во милост оние што имаат знаење; зашто, времето и непредвидените настани го снаоѓаат секого од нив“ (Проповедник 9:11).
Значи, не се работи за тоа дали ќе те снајде неволја, туку што ќе правиш кога ќе се случи тоа. На пример:
Што ако во некоја катастрофа изгубиш сѐ?
Што ако тешко се разболиш?
Што ако ти почине некој близок?
Јеховините сведоци, кои го издаваат ова списание, веруваат дека Библијата може да ни помогне кога ќе ни се случи некој немил настан, но и да ни даде вистинска надеж (Римјаните 15:4). Ова го потврдуваат искуствата на многу луѓе. Еве што велат некои од нив.