Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Поглед во светот

Поглед во светот

САД

Во Лос Анџелес (Калифорнија), на површина од околу 1.200 квадратни километри има речиси 4.500 семафори кои неодамна беа синхронизирани. Според весникот The New York Times, Лос Анџелес е „првата поголема светска метропола која го направи ова“.

Свет

Податоците на Светската здравствена организација покажуваат дека во периодот помеѓу 1990 и 2010 год. бројот на лица со прекумерна тежина се зголемил за 82 отсто. Трипати повеќе луѓе умираат од дебелина отколку од неисхранетост, иако недостигот на храна сѐ уште е проблем во многу земји. Ако „пред 20 години живеевме во свет во кој луѓето немаа доволно за јадење, сега живееме во свет во кој дури и во земјите во развој се јаде премногу и се јаде нездрава храна што нѐ разболува“, вели Маџид Езати, еден од истражувачите.

Островот Мидвеј

Една женка албатрос од видот Phoebastria immutabilis, која според извештаите е „најстарата дива птица во светот“, доби уште едно пиленце. Колку е стара? За првпат била прстенувана во 1956 год., кога имала најмалку пет години, што значи дека сега е преку 60 години. Во текот на својот животен век, најверојатно прелетала 3-4 милиони километри, растојание еднакво на 4-6 патувања од Земјата до Месечината и назад.

Јужноафриканска Република

Според едно истражување, третина од жените во Јужноафриканската Република користат сапуни и креми за избелување на кожата. Ваквите средства се опасни и во неколку земји се забранети. Некои од последиците се различни видови рак, оштетување на бубрезите, депресија, анксиозност, осип и лузни.