Твојата волја за мене е најважна (песна за конгресот за 2025)

Твојата волја за мене е најважна (песна за конгресот за 2025)

(Псалм 40:8)

Преземи:

  1. 1. Кога Исус Христос се крсти,

    твојот глас го чу од небото.

    Твој’та љубов сила му влеа

    да ти служи лојално.

    Твој’та волја за него беше

    нешто свето, најважно.

    Пример најголем е за вера,

    ќе го следам истрајно.

    (РЕФРЕН)

    Задоволство е за мене

    за тебе јас да дадам сѐ.

    Бидејќи знам и чувствувам:

    ова е вистината.

    Јас имам надеж реална

    и причина да постојам.

    За тебе јас ќе живеам.

    Твој’та волја за мене

    е најважна.

  2. 2. Од темнината ти ме викна,

    ја почувствував љубовта.

    Нема живот подобар, Боже,

    нека сите дознаат!

    Среде луѓето што ти служат,

    таму ми е местото.

    Веста добра сегде ја ширам —

    нема ништо повредно!

    (РЕФРЕН)

    Задоволство е за мене

    за тебе јас да дадам сѐ.

    Бидејќи знам и чувствувам:

    ова е вистината.

    Јас имам надеж реална

    и причина да постојам.

    За тебе јас ќе живеам.

    Твој’та волја за мене

    е најважна.

    За мене најважна!

(Види и Пс. 40:3, 10.)