Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПЕСНА 105

„Бог е љубов“

„Бог е љубов“

(1. Јованово 4:7, 8)

  1. 1. Бог е љубов! Тој нѐ учи:

    „Сѐ од љубов правете.

    Секој ден со добри дела

    мене да ме славите“.

    Исус пример нам ни дава

    љубов да даруваме.

    Само така трајна среќа

    може да чувствуваме.

  2. 2. Бог нѐ сака, тоа мотив

    силен е да служиме.

    Паднеме ли, тој нѐ крева,

    напред да продолжиме.

    Љубовта е чиста, блага.

    Таа не завидува.

    Љубезна е, трпи многу,

    никогаш не згаснува.

  3. 3. Тој што сака не се лути,

    простува, заборава,

    водство бара од Јехова,

    совет спремно прифаќа.

    Да ги сакаме од срце

    Бог и секој ближен наш.

    Вечно во нас нека гори

    љубов како Божјата!