Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 43

Бдејте, бидете непоколебливи и јаки

Бдејте, бидете непоколебливи и јаки

(1. Коринќаните 16:13)

1. Бдејте истрајно до крајот, секој цврст во верата.

Само напред, машки, храбро, наша е победата!

Исус предводи, го слушаме,

смело напред продолжуваме.

(РЕФРЕН)

Бдејте сите, бидете јаки!

До крај да издржите!

2. Бдејте, трезвени и спремни, Исус да го следите.

Преку својот роб, тој денес дава упатства за сѐ.

Тука се и старешините

што се грижат за нас од срце.

(РЕФРЕН)

Бдејте сите, бидете јаки!

До крај да издржите!

3. Обединето и будно веста да ја браниме.

Има луѓе што нѐ мразат, сепак не се плашиме.

Цела Земја нека дознае:

денот на Јехова близу е!

(РЕФРЕН)

Бдејте сите, бидете јаки!

До крај да издржите!