2. Самоилова 22:1-51

22  Давид му ја испеа на Јехова оваа песна+ во времето кога Јехова го избави од рацете на сите негови непријатели+ и од раката на Саул,+  и рече:„Јехова е моја спила,+ тврдина моја+ и мој избавител.+   Мојот Бог е моја карпа.+ Тој е мое прибежиште,мој штит+ и рог+ на моето спасение, моја сигурна тврдина на високо место,+мое засолниште,+ мој спасител,+ кој ме избавува од насилство.+   Ќе го повикам Јехова, кој е достоен за фалба,+и ќе бидам избавен од моите непријатели.+   Разбеснетите бранови на смртта ме опкружија,+порои од никаквеци ме плашеа.+   Јажињата на гробот* ме опколија,+замките на смртта се испречија пред мене.+   Во својата неволја го повикував Јехова,+кон својот Бог викав за помош.+Тој го слушна мојот глас од својот храм,+мојот повик за помош дојде до неговите уши.+   Земјата се заниша и се затресе,+темелите на небото се поместија,+се занишаа, зашто тој се разгневи.+   Чад излезе од неговите ноздри и од неговата уста вивна оган што проголтува,+разжарени јаглења искокнуваа од него.+ 10  Ги наведна небесата и слезе,+темни облаци имаше под неговите нозе.+ 11  Седна на херувим*+ и долета,се покажа на крилјата на еден ангел.*+ 12  Темнината ја подигна околу себе како шатор,+црните дождовни облаци.+ 13  Од секањето на молњите пред него пламтеа разгорени јаглења.+ 14  Згрме Јехова од небесата,+Севишниот го пушти својот глас.+ 15  Испраќаше стрели за да ги распрсне,+молњи за да ги збрка.+ 16  Морските дна се покажаа+и се открија темелите на земјата*+од заканите на Јехова, од силниот здив на неговите ноздри.+ 17  Тој ја подаде раката од висина, ме фати+и ме извлече од длабока вода.+ 18  Ме избави од мојот силен непријател,+од оние што ме мразат, зашто беа посилни од мене.+ 19  Се креваа против мене во денот на мојата неволја,+но Јехова ми беше поткрепа.+ 20  Ме изведе на широко место,+ме избави, оти сум му мил.+ 21  Јехова ме наградува според мојата праведност,+според чистотата на моите раце тој ми возвраќа.+ 22  Зашто, се држев за Јеховините патишта+и не се одметнав од својот Бог.+ 23  Зашто, сите негови закони+ се пред менеи од неговите одредби не отстапувам.+ 24  Непорочен*+ сум пред негои се чувам да не направам престап.+ 25  А Јехова нека ми возврати според мојата праведност,+според мојата чистота пред неговите очи.+ 26  Со верниот ти постапуваш верно,+со беспрекорниот човек беспрекорно,+ 27  со оној што е чист постапуваш чисто,+а расипаниот го надмудруваш.*+ 28  Ти го спасуваше понизниот народ,+а твоите очи ги набљудуваат вообразените за да ги понижиш.+ 29  Зашто, ти си моја светилка, о Јехова,+Јехова ми ја осветлува темнината.+ 30  Зашто, со твоја помош можам и на разбојничка дружина да удрам,+со помошта на својот Бог можам и на ѕидишта да се качам.+ 31  Патот на вистинскиот Бог е совршен,+Јеховината реч е чиста.+Тој им е штит на сите што бараат засолниште кај него.+ 32  Зашто, кој е Бог освен Јехова?+И кој е карпа освен нашиот Бог?+ 33  Вистинскиот Бог е моја силна тврдина,+мојот пат го прави совршен,+ 34  зашто ми дава нозе како на срна+и ме става да стојам на места што се високи за мене.+ 35  Ги учи моите раце да војуваат,+па моите мишки го оптегнуваат бакарниот лак.+ 36  Ти ми го даваш својот штит на спасението,+твојата понизност ме прави голем.+ 37  Им правиш место на моите чекори+и моите глуждови не попуштаат.+ 38  Ги гонам своите непријатели и ги сотирам,не се враќам додека не ги истребам.+ 39  Ги истребувам и ги здробувам+ за да не можат да станат,+паѓаат под моите нозе.+ 40  Ти ме опашуваш со сила за војна,+ги соборуваш под мене оние што се креваат против мене,+ 41  моите непријатели ги тераш да бегаат пред мене.*+Јас ги сотирам* оние што силно ме мразат.+ 42  Тие викаат за помош, но нема спасител,+кон Јехова викаат за помош, но тој не ги услишува.+ 43  Ги здробувам како земјен прав,ги газам и ги гмечамкако улична кал.+ 44  Ти ме избавуваш од приговарањето на мојот народ,+ме штитиш како поглавар на народите.+Народ, кој не го познавав, ми служи.+ 45  Туѓинци подложно доаѓаат кај мене,+ми се покоруваат и ме слушаат.+ 46  Туѓинците венеат,треперејќи излегуваат од своите тврдини.+ 47  Жив е Јехова!+ Нека е благословена мојата Карпа+и нека е возвишен Бог, карпата на моето спасение!+ 48  Вистинскиот Бог ми дава одмазда+и ми ги покорува народите,+ 49  ме избавува од моите непријатели.+Над сите што се креваат против мене ти ме подигаш,+од насилен човек ме избавуваш.+ 50  Затоа те фалам меѓу народите,+ о Јехова,со песна го славам твоето име,+ 51  тебе, кој му даваш големи победи на својот цар+и му покажуваш милост* на својот помазаник+на Давид и на неговото потомство довека“.+

Фусноти

Буквално: „шеолот“.
Херувими се ангели на висока положба.
Или: „на ветрот; на духот“.
Буквално: „на плодното тло“.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Или: „а со расипаните — безумно“, односно на начин кој на расипаниот му се чини безумен.
Или: „ми го даваш (подаваш) вратот на моите непријатели“.
Буквално: „јас ќе ги замолчам“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.