1. Царевите 8:1-66
8 Тогаш цар Соломон+ ги повика кај себе+ во Ерусалим старешините+ на Израел, сите главари на племиња+ и родовски поглавари+ на Израеловите синови, за да се донесе ковчегот на Јеховиниот сојуз+ од Давидовиот град,+ односно од Сион.+
2 Така сите луѓе од Израел се собраа кај цар Соломон на празникот+ во месецот етаним,* а тоа е седмиот месец.+
3 Кога дојдоа сите старешини на Израел, свештениците го понесоа+ ковчегот.+
4 Ги донесоа Јеховиниот ковчег, шаторот+ на средбата+ и сиот свет прибор што беше во шаторот. Сето тоа го донесоа свештениците и левитите.+
5 А цар Соломон и со него целата израелска заедница, оние што се собраа околу него, жртвуваа+ пред ковчегот толку овци и говеда што не можеше да се избројат, ниту бројот да им се одреди.+
6 Потоа свештениците го внесоа ковчегот+ на Јеховиниот сојуз на неговото место,+ во најприкриената просторија на домот, во Светињата над светињите, под крилјата на херувимите.+
7 Зашто, крилјата на херувимите беа раширени над местото каде што стоеше ковчегот, така што херувимите ги покриваа одозгора ковчегот и неговите лостови.+
8 Но лостовите+ беа толку долги што краевите на лостовите се гледаа од Светињата пред најприкриената просторија,* но однадвор не се гледаа. Таму стојат до ден-денес.+
9 Во ковчегот немаше ништо друго освен двете камени плочи+ што Мојсеј ги стави во него+ на Хорив, кога Јехова го склучи сојузот+ со синовите на Израел при нивното излегување од египетската земја.+
10 А кога свештениците излегоа од светото место, облак+ го исполни Јеховиниот дом.
11 Поради облакот, свештениците+ не можеа да стојат таму и да ја вршат својата служба,+ зашто Јеховината слава+ го исполни Јеховиниот дом.+
12 Тогаш Соломон рече: „Јехова, ти рече дека ќе живееш во густа темнина.+
13 Јас ти изградив дом за да биде возвишено твоето живеалиште,+ местото+ каде што ќе живееш довека“.+
14 Потоа царот се сврти и почна да ја благословува+ целата израелска заедница,* а целата израелска заедница стоеше таму.
15 И рече: „Нека е благословен Јехова,+ Богот на Израел, кој со својата уста зборуваше со Давид,+ мојот татко, и со својата рака ги исполни своите ветувања,+ велејќи:
16 ‚Од денот кога го изведов од Египет својот народ Израел, од ниедно Израелово племе не избрав+ град за во него да се изгради дом+ каде што ќе престојува моето име.+ Но го избрав Давид да владее над мојот народ Израел‘.+
17 И Давид, мојот татко, посака во своето срце да му изгради дом на името на Јехова, Богот на Израел.+
18 Но Јехова му рече на мојот татко Давид: ‚Во срцето имаш желба да му изградиш дом на моето име, и добро е што ти е тоа во срцето.+
19 Но ти нема да го изградиш тој дом, туку твојот син, кој ќе ти се роди,* тој ќе му изгради дом на моето име‘.+
20 И Јехова ја исполни речта+ што ја изговори и јас дојдов на местото на Давид, мојот татко, и седнав на престолот на Израел,+ како што рече Јехова, па му изградив дом на името на Јехова, Богот на Израел,+
21 и во него одредив место за ковчегот во кој е Јеховиниот сојуз+ што го склучи со нашите прататковци кога ги изведе од египетската земја“.
22 Потоа Соломон застана пред Јеховиниот жртвеник+ пред целата израелска заедница и ги рашири рацете кон небото,+
23 велејќи: „Јехова, Боже Израелов,+ нема Бог како што си ти+ ниту горе на небото ниту долу на земјата; ти го чуваш сојузот и им покажуваш милост*+ на своите слуги+ кои ти служат* со сето свое срце.+
24 Му го исполни на својот слуга Давид, мојот татко, она што му го вети. Му даде ветување со својата уста, а со својата рака го исполни, како што се гледа денес.+
25 И сега, Јехова, Боже Израелов, исполни му го на својот слуга Давид, мојот татко, она што си му го ветил, велејќи: ‚Нема да останеш без наследник кој ќе седи пред мене на Израеловиот престол,+ само ако твоите синови внимаваат на својот пат, служејќи ми како што ти ми служеше‘.*
26 Сега те молам, Боже Израелов, нека се обистини твоето ветување+ што му го даде на својот слуга Давид, мојот татко!
27 Но дали Бог навистина ќе живее на земјата?+ Еве, ни небесата,+ ни небото над небесата+ не можат да те соберат,+ а камоли овој дом+ што го изградив!
28 О Јехова, Боже мој, обрни внимание на молитвата+ на својот слуга и на неговата молба со која моли за милост,+ па чуј ги викањето и молитвата што ти ги упатува твојот слуга денес!+
29 Твоите очи будно нека го набљудуваат+ овој дом дење и ноќе, ова место за кое рече: ‚Таму ќе престојува моето име‘,+ и чуј ја молитвата што ти ја упатува твојот слуга свртен кон ова место.+
30 Чуј ја молбата за милост+ со која ти се молат твојот слуга и твојот народ Израел, свртени кон ова место. Чуј од местото каде што живееш, од небото,+ чуј и прости.+
31 Ако некој му згреши на својот ближен,+ па овој побара од него да се заколне и да се изложи на проклетство,+ и ако тој под заклетва дојде пред твојот жртвеник во овој дом,
32 тогаш чуј од небото и биди им судија на своите слуги: злиот прогласи го за зол, враќајќи му ги неговите дела на негова глава,+ а праведниот прогласи го за праведен,+ наградувајќи го според неговата праведност.+
33 Ако твојот народ Израел е поразен пред својот непријател+ затоа што ти згрешил,+ но се враќа кај тебе+ и пак почнува да го фали твоето име,+ ако ти се моли+ и од тебе бара милост во овој дом,+
34 тогаш чуј од небото, прости му го гревот на својот народ Израел+ и врати го+ во земјата што им ја даде на неговите прататковци.+
35 Ако се затвори небото и нема дожд+ затоа што ти грешеле,+ па ако ти се помолат свртени кон ова место,+ и го фалат твоето име, и ако се одвратат од својот грев затоа што си им нанесувал неволји,+
36 тогаш чуј од небото и прости им го гревот на своите слуги, на својот народ Израел, зашто ти им го покажуваш+ правиот пат по кој треба да одат,+ и пушти дожд+ на својата земја што му ја даде во наследство на својот народ.
37 Ако во земјата завладее глад+ или ја снајде чума,+ суша, мувла+ или ако надојдат скакулци+ или лебарки,+ ако ги опколи непријателот во земјата каде што се нивните градови, ако ги снајде каква било неволја или болест,
38 секоја молитва,+ секоја молба за милост+ со која ти се моли кој и да било човек или сиот твој народ Израел+ — зашто секој си ја знае болката во своето срце+ — ширејќи ги во молитва рацете кон овој дом,+
39 ти чуј од небото,+ од своето живеалиште,+ и прости,+ постапи според тоа+ и дај му секому според сите негови патишта,+ зашто ти го познаваш неговото срце,+ зашто само ти ги познаваш срцата на сите човечки синови,+
40 за да се бојат од тебе+ во сите денови додека живеат на земјата што им ја даде на нашите прататковци.+
41 Па и кога туѓинецот,+ кој не му припаѓа на твојот народ Израел, туку дошол од далечна земја заради твоето име+ —
42 зашто ќе се чуе за твоето големо име,+ за твојата силна рака+ и за твојата подигната мишка — ќе дојде и ќе се помоли свртен кон овој дом,+
43 тогаш чуј од небото, од своето живеалиште,+ и направи го сето она за кое те моли овој туѓинец,+ за да го запознаат твоето име+ сите народи на земјата и за да се бојат од тебе како твојот народ Израел, и за да знаат дека овој дом што го изградив го носи твоето име.+
44 Ако твојот народ тргне во војна+ против своите непријатели по патот по кој ќе го испратиш+ и ти се помоли тебе,+ Јехова, свртен кон градот што го избра+ и кон овој дом што му го изградив на твоето име,+
45 тогаш чуј ја од небото неговата молитва и неговата молба со која моли за милост и дај му правда.+
46 Ако ти згрешат,+ зашто нема човек што не греши,+ и ти се разгневиш на нив и ги предадеш на непријателот, па нивните поробувачи ги одведат во заробеништво во непријателска земја, било да е далеку било да е близу,+
47 а тие се вразумат во земјата во која ќе бидат одведени во заробеништво,+ ако се обратат+ и почнат да ти се молат+ за милост во земјата на своите поробувачи,+ велејќи: ‚Згрешивме,+ постапивме погрешно,+ направивме зло‘,+
48 ако навистина се вратат кај тебе со сето свое срце+ и со сета своја душа во земјата на своите непријатели, кои ги одвеле во заробеништво, и ако ти се помолат свртени кон својата земја што им ја даде на нивните прататковци, кон градот што го избра и кон домот што му го изградив на твоето име,+
49 тогаш чуј ги од небото, од своето живеалиште,+ нивната молитва и нивната молба, со кои ти се молат за милост, и дај им правда,+
50 и прости+ му на својот народ кој ти згрешил,+ прости му ги сите престапи,+ сѐ што ти згрешил.+ Нивните поробувачи нека им бидат милостиви+ и нека им се смилуваат,
51 зашто тие се твој народ и твое наследство+ кое го изведе од Египет,+ од таа печка за топење железо.+
52 Твоите очи нека бидат отворени за молбата за милост со која се моли твојот слуга и за молбата за милост со која се моли+ твојот народ Израел, и услиши ги кога ќе те повикаат.+
53 Зашто, ти ги одвои од сите народи на земјата за свое наследство,+ како што рече преку Мојсеј,+ својот слуга, кога ги изведе од Египет нашите прататковци, Севишен Господару Јехова!“
54 А кога Соломон заврши со целата оваа молитва и со молбата за милост со која му се молеше на Јехова, застана пред Јеховиниот жртвеник, каде што клечеше+ со рацете раширени кон небото,+
55 и стоејќи+ така ја благослови+ целата израелска заедница, велејќи со силен глас:
56 „Нека е благословен Јехова,+ кој на својот народ Израел му даде место за починка, исполнувајќи сѐ што ветил.+ Не остана неисполнето ниту едно ветување+ од сите негови добри ветувања што ги даде преку Мојсеј, својот слуга.+
57 Јехова, нашиот Бог, нека биде со нас+ како што беше и со нашите прататковци.+ Никогаш нека не нѐ остава и нека не нѐ напушта,+
58 туку нека го приклони нашето срце+ кон себе за да одиме по сите негови патишта+ и да ги држиме неговите заповеди,+ неговите уредби+ и неговите закони,+ кои им ги даде на нашите прататковци.
59 И Јехова, нашиот Бог, нека ги памти+ дење и ноќе овие мои зборови, со кои го молев Јехова за милост, за да им дава правда на своите слуги и за да му дава правда на својот народ Израел, секој ден според нашите потреби,+
60 за да знаат сите народи на земјата+ дека Јехова е вистинскиот Бог+ и дека нема друг.+
61 Со сето свое срце бидете му оддадени+ на Јехова, нашиот Бог, живеејќи* според неговите уредби и држејќи ги неговите заповеди како што правите денес!“
62 Тогаш царот и сиот Израел со него принесоа голема жртва пред Јехова.+
63 Како жртва на заедништвото,+ која требаше да му ја принесе на Јехова, Соломон принесе дваесет и две илјади говеда и сто и дваесет илјади овци.+ Така царот и сите синови на Израел свечено го отворија+ Јеховиниот дом.
64 Во тој ден царот мораше да го посвети средниот дел на дворот што е пред Јеховиниот дом,+ бидејќи таму мораше да ги принесе жртвите паленици, житните жртви и мрсните делови од жртвите на заедништвото, зашто бакарниот жртвеник+ што стои пред Јехова беше премал за толку жртви паленици, житни жртви и за мрсните+ делови од жртвите на заедништвото.
65 Во тоа време Соломон, а со него и сиот Израел, мноштво народ+ од целата земја, од влезот во Емат+ до долината на реката Египет,+ славеше празник+ пред Јехова, нашиот Бог, седум дена и уште седум дена,+ вкупно четиринаесет дена.
66 Во осмиот ден ги распушти луѓето,+ а тие го благословуваа царот и си отидоа во своите куќи радосни+ и со весело срце+ поради сето добро+ што Јехова им го направи на својот слуга Давид и на својот народ Израел.
Фусноти
^ Или: „лунарниот месец етаним“. Види го додатокот 14.
^ Буквално: „кој ќе излезе од твоите бедра“.
^ Буквално: „одат пред тебе“.
^ Буквално: „одејќи пред мене исто како што ти одеше пред мене“.
^ Буквално: „одејќи“.