1. Мојсеева 19:1-38

19  Двата ангела стигнаа вечерта во Содом додека Лот седеше на портата на Содом.+ Кога ги здогледа, Лот стана, им појде во пресрет и им се поклони со лицето доземи.+  И рече: „Ве молам, господари мои, навратете во куќата на својот слуга за да преноќевате таму и да ви ги измијат нозете!+ Па тогаш станете рано и појдете по својот пат!“+ А тие рекоа: „Не, ќе преноќеваме на плоштадот“.+  Но тој толку навалуваше на нив+ што сепак навратија кај него и влегоа во неговата куќа. Тогаш ги нагости,+ испече бесквасни лебови,+ и тие јадоа.  Но уште не си беа легнале, а толпа луѓе од градот, жители на Содом, сиот народ, од дете до старец, ја опколија куќата.+  И почнаа да му викаат на Лот: „Каде се луѓето што дојдоа вечерва кај тебе? Изведи ни ги да имаме односи со нив!“+  Најпосле Лот излезе кај нив на влезот, но ја затвори вратата зад себе.  Па рече: „Ве молам, браќа мои, не правете зло!+  Ве молам, послушајте ме! Имам две ќерки кои никогаш не легнале со маж.+ Дозволете ми да ви ги изведам нив, па со нив правете што сакате!+ Само на овие луѓе не правете им ништо,+ зашто од таа причина дојдоа под сенката на мојот покрив!“+  А тие му одвратија: „Бегај оттука!“ Па рекоа: „Овој дојде тука како дојденец,+ а ни се прави судија.+ Сега тебе ќе ти направиме полошо отколку ним“. Па силно навалија на човекот,+ на Лот, и речиси ја разбија вратата.+ 10  Тогаш оние луѓе посегнаа по Лот, го вовлекоа кај себе во куќата и ја затворија вратата. 11  А луѓето што беа пред вратата на куќата ги удрија со слепило,+ од најмал до најголем,+ така што залудно се мачеа да ја најдат вратата.+ 12  Тогаш луѓето му рекоа на Лот: „Имаш ли овде уште некого? Изведи ги од местово своите зетови, синови и ќерки и сите твои што се во градот!+ 13  Зашто, ќе го уништиме ова место, бидејќи викотот против нив стана толку голем пред Јехова+ што Јехова нѐ испрати да го уништиме овој град“.+ 14  Тогаш Лот излезе да разговара со своите зетови, кои требаше да ги земат неговите ќерки, па им велеше: „Станете! Излезете од ова место зашто Јехова ќе го уништи овој град!“+ Но на неговите зетови им изгледаше дека тој се шегува.+ 15  Кога осамна, ангелите почнаа да го побрзуваат Лот, велејќи: „Стани! Земи ги жена ти и двете ќерки, кои се тука,+ за да не загинеш поради вината на овој град!“+ 16  Но тој почна да одолговлекува,+ и затоа оние луѓе ги фатија за рака него, неговата жена и неговите две ќерки, бидејќи Јехова му се смилува,+ па го изведоа и го оставија надвор од градот.+ 17  И штом ги изведоа на крајот од градот, едниот рече: „Бегај за да си ја спасиш душата!+ Не свртувај се назад+ и не застанувај во целата Јорданска Долина!*+ Бегај во планините за да не загинеш!“+ 18  Тогаш Лот им рече: „Те молам, Јехова, немој така! 19  Еве, твојот слуга нашол наклоност во твои очи+ и ти ми покажуваш голема милост*+ за да ми ја зачуваш жива душата+ — но јас сепак не можам да бегам во планините за да не ме стигне злото и да загинам.+ 20  Ене, оној град е многу близу за да побегнам во него. Тебе тоа не ти значи многу.+ Те молам, дозволи ми да побегнам таму! Тебе тоа навистина не ти значи многу. Така мојата душа ќе остане жива“.+ 21  Тогаш тој му рече: „Еве, и во ова ќе имам обѕир кон тебе,+ па нема да го затрам градот за кој зборуваш.+ 22  Побрзај! Побегни онаму, зашто не можам да сторам ништо додека ти не стигнеш таму!“+ Затоа оној град го нарече Сигор.*+ 23  Сонцето беше излегло над земјата кога Лот стигна во Сигор.+ 24  Тогаш Јехова пушти на Содом и на Гомор дожд од сулфур и оган. И тој падна од Јехова од небото.+ 25  И така тој ги уништи овие градови и целата Јорданска Долина, сите жители во градовите и сите растенија на земјата.+ 26  А жената на Лот се обѕрна зад него, и стана столб од сол.+ 27  Рано изутрината Авраам појде на местото каде што стоеше пред Јехова.+ 28  Па погледна удолу кон Содом и Гомор и кон целата земја во Јорданската Долина и виде: густ чад се креваше од земјата, густ како да е од печка за тули.+ 29  А кога ги уништуваше градовите во Јорданската Долина, Бог се сети на Авраам, така што го изведе Лот од таа пропаст кога ги затираше градовите во крајот во кој живееше Лот.+ 30  Подоцна Лот замина од Сигор и се насели во ридовите заедно со двете ќерки,+ зашто се плашеше да живее во Сигор.+ Така живееше во една пештера заедно со двете ќерки. 31  Постарата ѝ рече на помладата: „Нашиот татко е стар, а во оваа земја нема маж кој би легнал со нас, како што е обичај по цел свет.+ 32  Ајде да го опиеме нашиот татко со вино,+ па да легнеме со него и да зачуваме потомство од нашиот татко!“+ 33  Така таа вечер му даваа на татка си да пие вино.+ Потоа постарата влезе и легна со татка си, а тој не осети ниту кога таа легна ниту кога стана. 34  Утредента постарата ѝ рече на помладата: „Еве, сношти легнав со нашиот татко. Ајде да му дадеме и вечерва да пие вино. Потоа влези ти, легни со него, па да зачуваме потомство од нашиот татко“. 35  Така и таа вечер му даваа на татка си да пие вино. Потоа помладата отиде и легна со него, а тој не осети ниту кога таа легна ниту кога стана. 36  И обете Лотови ќерки забременија од татка си.+ 37  По некое време, постарата роди син и му го даде името Моав.*+ Тој е татко на оние што денес се нарекуваат Моавци.+ 38  А и помладата роди син и му го даде името Вен-Ами.* Тој е татко на оние што денес се нарекуваат Амонови синови.+

Фусноти

Види ја фуснотата за 1Мо 13:10.
Изворниот хебрејски збор (кесед) е толку богат со значење што во македонскиот јазик не постои еден збор со кој во потполност може да се изрази неговата смисла. Во зависност од контекстот, може да се преведе со изразите како што се: „(лојална) љубов, љубов и верност, верност, оддаденост, добрина, добродушност, милосрдие, милост(ивост), наклоност“, бидејќи сите тие влегуваат во спектарот на неговото значење.
„Сигор“ значи „мала работа; нешто безначајно“ (алузија на изразот „Тебе тоа не ти значи многу“ од 20. стих).
„Моав“ значи „од таткото“.
„Вен-Ами“ значи „син на мојот народ“, односно син на мојот род.