Судиите 3:1-31
3 А ова се народите+ што Јехова ги остави за со нив да ги искушува+ сите оние синови на Израел што не доживеаја ниту една од ханаанските војни,+
2 а ги остави само за да можат поколенијата на синовите на Израел, кои порано не доживеаја такво нешто, да стекнат воено искуство и да научат да војуваат:
3 пет филистејски кнезови-сојузници,+ сите Ханаанци,+ како и Сидонците+ и Евејците+ што живееја на ливанските+ планини, од планината Ваал-Ермон+ до влезот во Емат.+
4 Тие останаа за да биде испитан+ Израел и да се види дали ќе ги слуша заповедите што им ги беше дал Јехова на нивните татковци преку Мојсеј.+
5 Така синовите на Израел живееја меѓу Ханаанците,+ Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците.+
6 И ги земаа за жени нивните ќерки,+ а своите ќерки им ги даваа на нивните синови,+ и почнаа да им служат на нивните богови.+
7 Синовите на Израел го правеа она што е зло во очите на Јехова и го заборавија Јехова, својот Бог,+ па им служеа на Вааловците+ и на обредните диреци.*+
8 Затоа Јехова пламна од гнев против Израел+ и ги предаде* во рацете+ на Хусан-Рисатаим, царот на Месопотамија.+ И синовите на Израел му служеа на Хусан-Рисатаим осум години.
9 Тогаш синовите на Израел почнаа да го повикуваат Јехова да им помогне.+ И Јехова им подигна спасител+ на синовите на Израел за да ги спаси, имено Готонил,+ синот на Кенез,+ помладиот брат на Халев.+
10 Јеховиниот дух+ дојде врз него и тој стана судија во Израел. Кога излезе во битка, Јехова го предаде Хусан-Рисатаим, сирискиот цар, во негови раце, и неговата рака го совлада+ Хусан-Рисатаим.
11 Оттогаш земјата беше во мир четириесет години. Потоа умре Готонил, синот на Кенез.
12 А синовите на Израел пак го правеа она што е зло во Јеховини очи.+ Затоа Јехова дозволи Еглон, моавскиот+ цар, да се засили против Израел.+ Јехова го допушти ова затоа што го правеа она што е зло во негови очи.+
13 И тој ги собра против нив синовите на Амон+ и Амаличаните.+ Тогаш тие излегоа и го нападнаа Израел и го освоија градот на палмите.+
14 Синовите на Израел му служеа на Еглон, моавскиот цар, осумнаесет години.+
15 И синовите на Израел почнаа да го повикуваат Јехова да им помогне.+ Тогаш Јехова им подигна спасител, Ехуд,+ синот на Гера Венијаминецот,+ кој беше левучар.+ Синовите на Израел му испратија по него данок на Еглон, моавскиот цар.
16 А Ехуд си направи меч со две сечила,+ долг еден лакот,* и го опаша под облеката на десното бедро.+
17 И му донесе данок на Еглон, моавскиот+ цар. А Еглон беше многу дебел.
18 Кога го предаде данокот,+ ги распушти луѓето што го носеа данокот.
19 А откако дојдоа до каменоломите на Гилгал,+ тој се врати и рече: „Царе, имам за тебе една тајна порака!“ А овој му рече: „Тивко!“ Тогаш сите што стоеја покрај него си отидоа.+
20 А Ехуд влезе кај него додека овој седеше сам во ладовината на својата горна соба. И Ехуд рече: „Имам за тебе порака од Бог!“ А тој стана од престолот.
21 Тогаш Ехуд посегна со левата рака по мечот што му беше на десното бедро, го извлече и му го заби во стомакот.
22 Со сечилото влезе и дршката, така што сечилото пропадна во салото, бидејќи не го извлече мечот од стомакот, и почна да излегува измет.
23 А Ехуд ја затвори зад себе вратата од горната соба и ја заклучи, па излезе низ отворот за воздух.
24 Така замина.+
И дојдоа слугите на царот и видоа дека вратата на горната соба беше заклучена. Затоа рекоа: „Сигурно врши нужда+ во ладовината на горната соба“.
25 И чекаа долго, а кога видоа дека вратата на горната соба не се отвора, ги обзеде немир. Тогаш зедоа клуч и отворија, и што да видат: нивниот господар лежи мртов на земја!
26 Додека тие чекаа, Ехуд побегна, ги одмина каменоломите+ и се скри во Сеира.
27 Кога дојде таму, затруби во рог+ на ефремските планини.+ И Израеловите синови се спуштија со него од планините, а тој одеше на чело.
28 Тогаш им рече: „Појдете по мене,+ зашто Јехова ви ги предаде во раце+ вашите непријатели, Моавците!“ И тргнаа по него и ги зазедоа плитките места+ на Јордан, кои беа спроти Моавците, и никому не му дозволија да помине.
29 Тогаш убија околу десет илјади+ Моавци, сите силни и храбри луѓе, не побегна ниту еден од нив.+
30 Во тој ден Моав беше покорен од раката на Израел и земјата беше во мир осумдесет години.+
31 По него Самегар,+ синот на Анат, го избави Израел, убивајќи шестотини Филистејци+ со остен за говеда.+
Фусноти
^ Или: „ашерите“.
^ Буквално: „продаде“.
^ Хебрејски: гомед. Не се знае точно колку изнесувала таа еврејска мерка. Некои сметаат дека станувало збор за краток лакот, долг околу 38 сантиметри, мерено од лакотот до коренот на прстите на рака стисната во тупаница.