Римјаните 3:1-31

3  Тогаш, каква е предноста на Евреите?+ Или, каква е користа од обрежувањето?+  Голема во секој поглед. Пред сѐ затоа што им беа доверени светите Божји објави.+  Тогаш, за што станува збор? Ако некои не верувале,+ дали можеби нивното неверување ќе ја обезвредни+ Божјата верност?+  Никако! Туку Бог нека се покаже вистинит,+ а секој човек лажливец,+ како што е напишано: „Ти си праведен во своите зборови и ќе победиш кога ќе ти судат“.+  Но, ако нашата неправедност ја истакнува Божјата праведност,+ што да речеме за тоа? Дали е Бог неправеден+ кога го излева својот гнев? (Зборувам како што зборуваат луѓето.)+  Никако! Инаку, како Бог ќе му суди на светот?+  А ако поради мојата лага уште повеќе се истакнала Божјата вистина+ на негова слава, тогаш зошто сум суден како грешник?+  И зошто да не речеме, како што лажно нѐ обвинуваат+ и како што некои луѓе тврдат дека велиме: „Да правиме зло за да дојде доброто“?+ Нив ги чека праведна осуда.+  Тогаш, што да кажеме? Дали ние сме во предност?+ Никако! Оти, штотуку ги обвинивме сите, и Евреите и Грците, дека се под грев,+ 10  како што е напишано: „Нема праведен човек, ниту еден.+ 11  Нема ниту еден што е разборит, нема ниту еден што го бара Бог.+ 12  Сите застранија, сите тие се безвредни, нема кој да прави добро, нема ниту еден“.+ 13  „Нивното грло е гроб отворен, мамат со својот јазик.“+ „Зад нивните усни има змиски отров.“+ 14  „И устата им е полна со клетви и со горчина.“+ 15  „Нозете им се брзи да пролеат крв.“+ 16  „Пропаст и беда има на нивните патишта+ 17  и не го запознаа патот на мирот.“+ 18  „Пред нивните очи нема страв од Бог.“+ 19  А знаеме дека сето она што го кажува Законот*+ се однесува на оние што се под Законот, за да занеми секоја уста+ и целиот свет да потпадне+ под Божјата казна.+ 20  Затоа, поради вршењето на делата пропишани со законот, ниту еден човек нема да биде прогласен за праведен+ пред Бог, зашто преку законот+ јасно сфативме* што е грев.+ 21  А сега се покажа дека праведност+ пред Бог може да се постигне без да се држи законот, а за тоа сведочат+ Законот+ и Пророците+. 22  Праведност пред Бог можат да постигнат, со вера во Исус Христос,+ сите што веруваат,+ бидејќи нема разлика.+ 23  Зашто, сите згрешија+ и не ја одразуваат Божјата слава,+ 24  но дар+ е тоа што преку неговата незаслужена доброта+ се прогласени за праведни затоа што се ослободени со откупнината+ што ја плати Христос Исус. 25  Бог го постави него како жртва со која ги помири со себе+ оние што веруваат во Христовата крв.+ Тоа го направи за да ја покаже својата праведност, бидејќи во својата воздржливост+ ги простуваше гревовите+ направени во минатото. 26  Имено, сакаше да ја покаже својата праведност+ во сегашново време — да биде праведен и тогаш кога го прогласува за праведен+ оној што верува во Исус. 27  Значи, имаме ли причина да се фалиме?+ Немаме. Кој закон не го допушта тоа?+ Законот на делата?+ Не, туку законот на верата.+ 28  Имено, сметаме дека човекот е прогласен за праведен поради неговата вера, а не поради вршење на делата пропишани со законот.+ 29  Зарем Бог е Бог само на Евреите?+ Зарем не е и Бог на луѓето од другите народи?*+ Да, тој е Бог и на луѓето од другите народи+ 30  зашто, Бог е само еден+ — и тој ќе ги прогласи обрежаните+ за праведни поради нивната вера, а и необрежаните+ ќе ги прогласи за праведни преку нивната вера. 31  Тогаш, дали ние со својата вера го укинуваме законот?+ Никако! Напротив, го потврдуваме законот.+

Фусноти

Определениот член што е употребен во грчкиот оригинален текст, како и контекстот покажуваат во овој случај дека зборот „Закон“ се однесува на Мојсеевиот закон. На други места каде што тој збор е напишан со мала почетна буква се гледа од контекстот дали се однесува на Мојсеевиот закон, на поединечна одредба од тој Закон, на Божјиот закон или на закон воопшто.
„Јасно сфативме“ (грчки: епи́гноси) — види ја фуснотата за Ри 1:28.
Или: „Бог на незнабошците“.