Псалми 82:1-8

Асафова песна. 82  Бог застана среде Божјето+ собрание,+тој суди среде боговите:+   „До кога ќе судите неправедно+и ќе бидете пристрасни кон злите?+ (Села)   Бидете им судии на бедниот и на детето без татко!+Дајте им правда на страдалникот и на сиромашниот!+   Спасете ги бедниот и сиромавиот,+избавете ги од рацете на злите!“+   Не сфаќаат и не разбираат,+одат во темнина,+разнишани се сите темели на земјата.+   „Јас реков: ‚Богови сте,+и сите вие сте синови на Севишниот.+   Навистина ќе умрете како сите луѓе,+ќе паднете како и сите кнезови!‘ “+   Стани, Боже, суди ѝ на земјата,+зашто тебе ти припаѓаат сите народи.+

Фусноти