Псалми 106:1-48

106  Фалете го Јах!+Благодарете му на Јехова, зашто е добар,+зашто неговата милост* трае довека!+   Кој може да ги опише големите дела на Јехова,+и да ја разгласи сета негова фалба?+   Среќни се оние што се држат за правдата,+кои во секое време го прават она што е праведно.+   Сети се на мене, Јехова, со наклоноста што ја имаш кон својот народ.+Погрижи се за мене и спаси ме,+   за да ја видам добротата што ја покажуваш кон своите избраници,+за да се радувам со радоста на твојот народ,+за да се гордеам со твоето наследство.+   Згрешивме како и нашите татковци,+постапивме неисправно, направивме зло.+   Нашите татковци во Египетне размислуваа за твоите чудесни дела.+Не ги памтеа бројните твои дела на голема милост,*+туку се побунија покрај морето, крај Црвеното Море.+   А тој ги спаси заради своето име,+за да ја покаже својата моќ.+   Му се закани на Црвеното Море, и тоа пресуши.+Тогаш ги преведе преку водната бездна како преку пустина,+ 10  и ги спаси од раката на оние што ги мразеа,+и ги избави од раката на непријателот.+ 11  Водите ги покрија нивните противници,+не остана ниту еден од нив.+ 12  Тогаш му поверуваа на зборот,+му запеаја фалби.+ 13  Но бргу ги заборавија неговите дела,+не ги чекаа неговите совети.+ 14  Туку својата себична желба ја покажаа во пустелијата+и го искушуваа Бог во пустината.+ 15  И тој им го даде она што го бараа,+а потоа им пушти на нивните души тешка болест.+ 16  И почнаа да му завидуваат на Мојсеј во логорот,+и на Арон, Јеховиниот свет човек.+ 17  Тогаш земјата се отвори и го проголта Датан+и ја покри дружината на Авирон.+ 18  Оган пламна среде нивната дружина,+пламен ги проголта злите.+ 19  А направија и теле на Хорив+и ѝ се поклонуваа на леана статуа.+ 20  Така ја заменија мојата слава+со лик на бик кој јаде трева.+ 21  Го заборавија Бог, својот Спасител,+оној што направи големи дела во Египет,+ 22  чудесни дела во земјата на Хам,+застрашувачки дела кај Црвеното Море.+ 23  И ќе заповедаше да бидат истребени,+да не беше Мојсеј, неговиот избраник,кој застана* пред него и се зазеде за нив+за да го одврати неговиот гнев и да не бидат погубени.+ 24  Потоа ја презреа посакуваната земја,+не му веруваа на зборот.+ 25  Негодуваа во своите шатори,+не го слушаа Јеховиниот глас.+ 26  Тогаш тој со подигната рака се заколна+дека ќе ги погуби во пустината+ 27  и дека ќе го погуби нивното потомство меѓу народите+и дека ќе ги расее по земјите.+ 28  А тие се приврзаа кон Ваал фегорски+и јадеа жртви принесувани на безживотни работи.+ 29  Го навредуваа Бог со своите постапки,+и помор се појави меѓу нив.+ 30  Но Финес стана и се вмеша,+и поморот престана. 31  И затоа се смета за праведенво сите поколенија довека.+ 32  А предизвикаа гнев кај водите на Мерива,+па Мојсеј го снајде неволја поради нив.+ 33  Зашто, му ја огорчија душата,*па непромислено проговори со своите усни.+ 34  И не ги истребија народите,+како што им беше заповедал Јехова,+ 35  туку се мешаа со народите+и се научија да постапуваат како нив.+ 36  Им служеа на нивните идоли,+и тие им станаа замка.+ 37  Им ги жртвуваа своите синови+и своите ќерки на демоните.+ 38  Пролеваа невина крв,+крвта на своите синови и на своите ќерки,кои им ги жртвуваа на ханаанските идоли;+и земјата се извалка од крвопролевање.+ 39  Се извалкаа со своите дела+и му беа неверни на својот Бог.*+ 40  И Јехова пламна од гнев кон својот народ,+му се згади од неговото наследство.+ 41  И им ги даваше в раце на народите+за да владеат над нив оние што ги мразат,+ 42  за да ги угнетуваат нивните непријателии за да ги покори нивната рака.+ 43  Многупати ги избавуваше,+но тие се бунтуваа и му беа непослушни,+па беа понижувани поради својот престап.+ 44  А тој погледна на нивната неволја+кога го чу нивниот повик.+ 45  Се сети на нив заради својот сојуз+и се сожали на нив поради многуте дела на својата голема милост.*+ 46  И направи да најдат милосткај сите што ги поробија.+ 47  Спаси нѐ, о Јехова, Боже наш,+и собери нѐ од другите народи,+за да му благодариме на твоето свето име,+за да зборуваме радосно на твоја фалба!+ 48  Благословен нека е Јехова, Богот на Израел,+од век и до век!И сиот народ нека рече: Амин!*+Фалете го Јах!+

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „лојална љубов“.
Буквално: „застана во пукнатината [на ѕидовите]“.
Буквално: „духот“.
Буквално: „и вршеа блуд преку своите дела“. Види го додатокот 6.
Или: „лојална љубов“.
Види ја фуснотата за Пс 41:13.