Наум 1:1-15

1  Објава против Ниневија:+ Книга на видението на Наум од Елкош:  Јехова е Бог кој бара да му се покажува оддаденост само нему+ и Бог кој се одмаздува. Јехова се одмаздува+ и готов е да се разбесни.+ Јехова им се одмаздува на своите противници+ и се гневи на своите непријатели.+  Јехова е бавен на гнев+ и има огромна моќ.+ Јехова нема да се воздржува да казни.+ Во разорен ветар и во бура е патот негов, а облаците се како прав под нозете негови.+  Кога ќе му се закани на морето,+ тоа пресушува, сите реки тој ги исушува.+ Васан и Кармил овенаа,+ а овена и цветот на Ливан.  Поради него планините се тресат, ридовите се топат.+ И земјата ќе се подигне поради неговото лице, и земната почва* и сите што живеат на неа.+  Кој може да опстане пред неговата осуда?+ И кој може да се спротивстави на жестокоста на неговиот гнев?+ Неговата јарост ќе се излее како оган,+ и карпите ќе се урнат поради него.  Јехова е добар.+ Тој е тврдина+ во ден на неволја.+ Внимава на оние што бараат прибежиште кај него.+  Со поплава што носи сѐ тој ќе го уништи потполно нејзиното место,+ и темнина ќе ги прогонува неговите непријатели.+  Што ќе смислите против Јехова?+ Тој потполно уништува. Неволјата нема да се подигне по втор пат.+ 10  Иако се испреплетени како трње+ и пијани како од пијалак,*+ ќе бидат проголтани како суво стрниште.+ 11  Од тебе ќе излезе оној што кове зло против Јехова,+ оној што го смислува она што не чини.+ 12  Вака вели Јехова: „Макар што се во полна сила и многубројни, сепак ќе бидат покосени,+ напаѓачот ќе продре во нивните редови. Така ќе ти нанесам неволја што никогаш повеќе не ќе треба да ти ја нанесувам.+ 13  А сега ќе го скршам јаремот што ти го ставил+ и ќе ги раскинам оковите што се на тебе.+ 14  А за тебе Јехова заповеда: ‚Името твое никогаш повеќе нема да има потомство.+ Од куќата на твоите богови ќе ги истребам режаните ликови и леаните статуи.+ Ќе ти направам гроб,+ зашто си презрен‘. 15  Еве, на планините се нозете на оној што носи добра вест, на оној што објавува мир.+ Празнувај ги своите празници, Јудо!+ Исполнувај ги своите завети,+ зашто расипан човек нема повеќе да поминува низ тебе.+ Ќе биде потполно уништен“.+

Фусноти

Буквално: „плодното тло“.
Или: „пченично пиво“.