Марко 8:1-38

8  Во тие денови, повторно се насобра многу народ. Бидејќи немаа што да јадат, ги повика учениците и им рече:+  „Жал ми е+ за народот, зашто веќе три дена се кај мене и немаат што да јадат.  Ако ги испратам да си одат дома гладни, ќе премалат по патот. А некои од нив дојдоа од далеку“.  Учениците му одговорија: „Од каде може некој, на ова пусто место, да ги нахрани со леб овие луѓе?“+  Тој уште ги праша: „Колку леба имате?“ А тие рекоа: „Седум“.+  Тогаш му рече на народот да испоседне* на земја. И ги зеде седумте леба, му се заблагодари на Бог,+ ги раскрши и им ги даде на своите ученици за да ги послужуваат. И го послужија народот со нив.+  Имаа и неколку рипчиња. Ги благослови, па им рече да ги послужат и со нив.+  И јадоа и се наситија. Потоа ги собраа преостанатите парчиња — седум полни кошници.+  А таму имаше околу четири илјади мажи. На крајот ги распушти.+ 10  И веднаш влезе во чамецот со своите ученици и дојде во пределите на Далманута.+ 11  И дојдоа фарисеите и почнаа да се препираат со него, барајќи му знак од небото, за да го искушаат.+ 12  Тогаш тој длабоко воздивна*+ и рече: „Зошто ова поколение бара знак? Навистина, ви велам, нема да му се даде знак на ова поколение“.+ 13  Тогаш ги остави, влезе во чамецот и отиде на другиот брег. 14  Но, заборавија да си понесат леб. Со себе во чамецот имаа само еден леб.+ 15  И ги предупредуваше: „Бидете претпазливи, чувајте се од квасецот на фарисеите и од квасецот Иродов“.+ 16  А тие расправаа околу тоа што немаа леб.+ 17  Исус го забележа тоа, па им рече: „Зошто расправате околу тоа што немате леб?+ Зар уште не разбирате и не сфаќате? Не може ли вашето срце да го разбере тоа?+ 18  Зарем ‚очи имате, а не гледате, и уши имате, а не слушате‘?+ Не се сеќавате ли, 19  кога ги раскршив петте леба+ за петте илјади мажи, колку кошници полни со останати парчиња собравте?“ Тие му одговорија: „Дванаесет“.+ 20  „А кога раскршив седум за четири илјади мажи, колку кошници полни со останати парчиња собравте?“ Тие му одговорија: „Седум“.+ 21  Тогаш им рече: „Зарем сѐ уште не сфаќате?“+ 22  И стигнаа во Витсаида. Таму му доведоа еден слеп човек и го замолија да го допре.+ 23  Тој го зеде слепиот за рака, го изведе надвор од селото, му плукна+ на очите и ги положи рацете врз него, па го праша: „Гледаш ли нешто?“ 24  А човекот погледна и рече: „Гледам луѓе, односно гледам нешто како дрвја што одат“. 25  Потоа пак ги положи рацете врз неговите очи, и човекот потполно прогледа. Оздраве, и сѐ гледаше јасно. 26  Тогаш го испрати дома и му рече: „Не влегувај во селото“.+ 27  А Исус и неговите ученици тргнаа по селата на Цезареја Филипова. По патот ги праша своите ученици: „Што велат луѓето, кој сум јас?“+ 28  Тие му одговорија: „Некои велат дека си Јован Крстител,+ други дека си Илија,+ а трети дека си еден од пророците“.+ 29  Тој ги праша: „А вие, што велите вие, кој сум јас?“ Петар му одговори: „Ти си Христос“.*+ 30  Тогаш им заповеда никому да не кажуваат за него.+ 31  И почна да ги поучува дека Синот човечки мора многу да пострада и да биде отфрлен од старешините, од главните свештеници и од книжниците, па да биде убиен,+ и по три дена да воскресне.+ 32  Тој отворено им зборуваше. А Петар го тргна настрана и почна да го прекорува.+ 33  Но тој се сврте, ги погледна своите ученици и го прекори Петар: „Бегај од мене, Сатано, зашто твоите мисли не се Божји, туку човечки!“+ 34  И ги повика народот и своите ученици кај себе и им рече: „Ако некој сака да оди по мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот маченички столб* и нека појде по мене.+ 35  Зашто, кој сака да си го спаси животот,* ќе го изгуби, а кој ќе го изгуби својот живот заради мене и заради добрата вест, ќе го спаси.+ 36  Навистина, од каква корист му е на човекот ако го добие целиот свет, а го изгуби животот?+ 37  Зашто, што може да даде човекот во замена за својот живот?+ 38  Секој што ќе се посрами од мене и од моите зборови во ова прељубничко и грешно поколение, од него ќе се посрами и Синот човечки+ кога ќе дојде во славата на својот Татко со светите ангели“.+

Фусноти

Буквално: „исполегне“. Спореди ја фуснотата за Мт 9:10.
Буквално: „длабоко воздивна со својот дух“.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Види го додатокот 8.
Буквално: „душата“.